Новости


Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Трајан Димковски, денеска присуствуваше на онлајн работилницата организирана од Организацијата на храна и земјоделство при ООН (ФАО) , на којашто се разговараше за Проект за климатски промени „Зголемена отпорност на земјоделскиот сектор преку промовирање на пaметни климатски практики во земјоделството”.


Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Трајан Димковски, денеска беше на увид во активностите од втора фаза на процесот за консолидација во Логоварди, кое е многу значајно земјоделско подрачје во Пелагонискиот регион.


Денеска министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Трајан Димковски и директорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, Николче Бабовски, беа во посета на Струмичкиот регион од каде што информираа за започнувањето на распределбата на картичките за новите корисници на зелена нафта.

Преку подрачните единици на МЗШВ,  ќе се поделат новите картички во сите региони во државата.


Денеска министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Трајан Димковски, беше во Кочани, градот познат по производството на еден од нашите светски познати македонски брендови, оризот.


Денеска во Кавадарци, министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Трајан Димковски во присуство на директорот на Државниот инспекторат за земјоделство Зоран Шапуриќ, им ги врачи решенијата за упис во регистерот на производители на вино на дел од членовите на здружението Тиквешки семејни винарии, кои пред неколку дена ги поднесоа своите барања со потребната документација, во Архивата на МЗШВ.



Пон
Вто
Сре
Чет
Пет
Саб
Нед

Одберете датум

Јавни огласи и повици