Новости


МЗШВ се подготвува за почеток и реализација на Програмата за директни плаќања за 2020 година. Во следниот период, пред почетокот на аплицирањето за субвенции, ќе се отварат дополнителни канцеларии од времен карактер за потребите на неколку  подрачни единици на МЗШВ, кои имаат голем обем на работа во екот на поднесување на Барања за субвенции. Допонителните канцеларии ќе бидат во фунција само додека трае периодот на аплицирање. Целта е да се растерети работата на подрачните единици на МЗШВ во услови на Ковид-19 и да им помогнеме на земјоделците полесно да можат да ги завршат обврските без загрозување на нивното здравје и здравјето на нашите вработени .


Денеска во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство беа поднесени првите барања на малите семејни винарии за упис во регистерот на производители на вино. Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Трајан Димковски заедно со директорот на Државниот инспекторат за земјоделство, Зоран Шапуриќ одржаа состанок во просториите на МЗШВ со претставници на првите мали винарнии кои ги поднесоа своите барања со потребната документација во Архивата на МЗШВ.


Денеска министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Трајан Димковски, одржа работен состанок во ловиштето Лакавица со дел од концесионерите на ловиштата од Источниот дел на нашата држава


Денеска министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Трајан Димковски заедно со директорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, Николче Бабовски и градоначалникот на Кочани, Николчо Илијев одржаа работен состанок со претставници на Здружението „Бело злато“.



Пон
Вто
Сре
Чет
Пет
Саб
Нед

Одберете датум

Јавни огласи и повици