Денеска во просториите на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство се потпишаа 57 договори по објавениот Јавен повик кој што се однесуваше на мерката 121, за доделување на финансиска поддршка за набавка на специјални комбајни за жнеење на ориз со сецкалици и/или мобилни сушари за ориз.
Максималната вредност на прифатливи трошоци по корисник изнесуваа 600.000 денари.