Соопштенија


Се известуваат кандидатите кои полагаа испит за добивање на лиценца за процена на необработен тутун  во Научен Институт за тутун во Прилеп на 21 и 22 Декември 2022 година,  сумираните резултати од тестот и практичниот дел можат да ги проверат во објавените списоци.


Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и Национални шуми во соработка со Мен енд Маунтен заедно со Пивара Скопје, Пакомак и Министерството за животна средина и просторно планирање успешно ја заокружија соработката потсетувајќи ги граѓаните и институцииите дека само со заеднично делување може да се подобри квалитетот на животот и да се допринесе кон одржиилва животна средина.

Во изминатите два месеци, Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство заедно со  Национални шуми, волонтерите на Пивара Скопје и локалното население засадија околу  40.000 дрва - 10.000 дрвја во Ќојлија (Петровец) и 30.000 дрвја во Велес, во близина на езерото Младост. Акцијата за пошумување на шумските насади наречени „СОНЧЕВА ГОРА,“ беше дел од ветувањето кое беше дадено оваа пролет од Пивара Скопје, Мен енд Маунтен и Пакомак поддржани од Министерството за животна средина и просторно планирање, по акцијата за чистење на отпад – „ГЕНЕРАЛКА ВИКЕНД 2022“ - за секои 10 килограми отпад што ќе се соберат, да се посади по едно дрво. Еко-акцијата беше спроведена во 26 општини ширум земјата, а во неа учествуваа над 8000 волонтери, со што заслужено го доби приматот - најмасовна еколошка акција коja досега била спроведена во нашата земја. 


Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство е најтраспарентна државна институција според Извештајот за 2022 година на Агенцијата за заштита на правото на слободен пристап до информациите од јавен карактер. Споредбено со 2021 година оваа институција предводена од министерот Љупчо Николовски, има напредок од дури 21 бод, односно од 28.5 бодови во 2021 до 49.5 бодови во 2022 година.

Цел на мониторингот беа 22-те категории на информации, согласно член 10 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер и нивното доследно објавување на веб страните на имателите на информации. Врз база на спроведен мониторинг на веб платформите на 146 државни институции според методологијата за Транспарентност и отчетност на јавната администрација, Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство е оценето со 49,5 бодови од максималните 52.

Оваа оценка за министерството е уште една потврда за отворениот и траспарентен процес на работа, редовно и навремено информирање на граѓаните за мерките и политиките на министерството, како и директното вклучување на земјоделците при креирањето на мерките за поддршка на секој еден земјоделец.

Извештајот од мониторингот можете да го симнете на следниот линк: https://aspi.mk/wp-content/uploads/2022/12/ИЗВЕШТАЈ-ЗА-МОНИТОРИНГ-ДРЖАВНИ-ИНСТИТУЦИИ-2022.pdf


Почитувани,

Врз онсова на член 148 став 6 од Законот за квалитетот на земјоделските производи („Службен весник на Република Македонија“ бр. 140/10, 53/11, 55/12, 106/13, 116/15, 149/15, 193/15 и 39/16 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 150/21), Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство соопштува дека во тек е постапка за регистрација на ЗГО  - Заштитена географска ознака „ МАКЕДОНСКО ЈАГНЕШКО ОД ОВЧЕПОЛКА ПРАМЕНКА “, а врз основа на поднесено барање од страна на земјоделската задруга Здужение на одгледувачи на домашна автохтона раса на овци ,,ПРАМЕНКА ОВЧЕПОЛКА“.

Елаборатот на производот за кој се бара заштита на географскиот назив „ МАКЕДОНСКО ЈАГНЕШКО ОД ОВЧЕПОЛКА ПРАМЕНКА “ и кој ги содржи сите податоци за основаноста на заштитата, може да се преземе од веб страната на Министерството.

Секое домашно и странско правно или физичко лице кое има некаков правен интерес има право да поднесе приговор на предложениот назив до Министерството во рок од 30 дена од денот на објава на ова соопштение.


Годинава тутунопроизводителите ги рушат рекордите и испишуваат историја на досега највисока просечна откупна цена од 285 денари за килограмшто претставува зголемување за повеќе од 40% во однос на минатогодишната. Откупот на тутун од реколтата 2022 година тече интензивно во сите 200 откупни пунктови, кои се навремено отворени на целата територија.

За годинешната реколта откуп вршат вкупно 10 регистрирани откупни претпријатија на 200 откупни пунктови со 223 ваги и 216 мостри тутун. До сега се откупени 16.5 милиони килограми од вкупно договорени 25.850 тони.  Според информациите од ДИЗ, се очекува откупот да биде целосно завршен пред Нова Година, со што за прв пат во историјата сите тутунопроизводители на своите сметки ќе ги добијат парите пред новогодишните празници.



Пон
Вто
Сре
Чет
Пет
Саб
Нед

Одберете датум

Јавни огласи и повици