Новости


Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство, го организираше 6-тиот состанок и работилница за управување со пожари на ниво на предел во државата.

Во рамки на Програмата за „Управување со пожари на ниво на предел во Западен Балкан” (LFMWB), Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство во соработка со Регионален центар за следење на шумски пожари (RFMC), на ден 29.10.2024 во Хотел ПАРК – Скопје, го организираше 6-тиот по ред „Состанок и работилница за управување со пожари на ниво на предел во Северна Македонија”.


Земјоделската област Чифлик (Општина Чешиново-Облешево) ќе претрпи значителна трансформација, по достигнување на клучната пресвртница во проектот за консолидација на земјиштето во селото. На 18 октомври, сопствениците на земјиште со квалификувано мнозинство го усвоија Планот за распределба на земјиштето, со што Чифлик стана шесто село во Северна Македонија каде што се спроведува консолидација на земјиштето. Оваа иницијатива е дел од проектот финансиран од Европската унија „Унапредување на консолидацијата на земјиштето во Северна Македонија“, ко-финансиран и спроведуван од Организацијата за храна и земјоделство при Обединетите нации (ФАО), во партнерство со Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.

 


СПИСОК на кандидати кои го положија испитот за добивање на лиценца за процена на тутун на ден 21.10.2024 година во Научен Институт за тутун - Прилеп


„Нашите политики се насочени кон обезбедување на еднаков пристап до хранлива и безбедна храна за сите, особено за најранливите групи во општеството“, посочи министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски присуствувајќи на настан организиран од Организацијата за храна и земјоделство на Обединетите нации (ФАО) во партнерство со Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство по повод Светскиот ден на храната под темата „Право на храна за подобар живот и подобра иднина“.


Денеска министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски присуствуваше на настанот организиран од Национална федерација на фармери по повод Меѓународниот ден на руралната жена кој се одржа во село Дихово, Битола.

„Рурална жена претставува моќен синоним на посветена, истрајна и храбра жена. Приоритет на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство е да се овозможат услови кои се потребни за нормално функционирање на руралната жена, бидејќи таа е херој во ова време“, истакна министерот Трипуновски.



Пон
Вто
Сре
Чет
Пет
Саб
Нед

Одберете датум

Јавни огласи и повици