Врз основа на член 37, став (1), член 40, став (3) од Законот за дивечот и ловството (*) („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 263/23,170/24 и 132/25) и Одлука за распишување јавен повик бр.02-9487/1 од 14.07.2025 година, Комисја за спроведување на постапката за доделување на дивечот во ловиштата на користење, формирана со Решение за формирање бр. 50-9255/1 од 09.07.2025 година, објавува Јавен повик Бр.01/25 за доделување на дивечот во ловиштата на користење во ловните реони Прилеп, Крива Паланка, Пробиштип, Македонски Брод, Гостивар, Тетово и Неготино.