Соопштенија


 „Согласно нашето предизборно ветување излезен е Јавниот повик за финансирање на земјоделските задруги. Според нас здружувањето на земјоделците е клучот на успехот за пласманот на земјоделските производи заради конкурентност и економска добивка“, истакна министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски.


„По последното невреме кое што се случи овде, во комуникација сме со градоначалникот и локалната администрација. Денеска сум овде за да извршам увид и лично да ја процениме состојбата од невремето кое што го зафати овој дел на општината“, истакна министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски од општина Василево.


Продолжува поддршката на земјоделските задруги.

Денес се објави јавниот повик 03/2025 за економско здружување на земјоделски стопанства заедничко вршење на земјоделска дејност од Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за 2025 година.


Денеска министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски во просториите на Министерството на 54 здруженија додели договори во вкупен износ од 10.094.050 денари за промотивни активности од областа на земјоделството и руралниот развој во Македонија за организирање на локални манифестации и саеми.


Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски со директорот на Управата за хидрометеоролошки работи, Игор Лазаровски потпишаа договори за финансиска поддршка во износ од 17.500.000 денари.



Пон
Вто
Сре
Чет
Пет
Саб
Нед

Одберете датум

Јавни огласи и повици