Денеска министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски во рамките на теренската посета на брана Кнежево, имаше можност да изврши увид на финалната фаза од изградбата на прибранската хидроцентрала ХЕЦ Б предвидена во Фаза 3 во рамките на Проектот Злетовица. Оваа хидроцентрала со моќност од 200kW претставува круцијален чекор кон нашата енергетска независност и модернизација на земјоделскиот сектор.
„Проектот Злетовица претставува инвестиција во иднината на нашите земјоделци. Фаза 2 предвидува наводнување што ќе обезбеди стабилно водоснабдување за илјадници хектари земјоделска површина“, истакна министерот.
Министерот Трипуновски истакна дека Владата вложи 224.000 евра во овој проект, бидејќи сериозно се сфаќа потребата за модернизација земјоделскиот сектор.
„Благодарност до нашите меѓународни партнери, Министерството за надворешни и европски прашања на Република Словенија и ЦМСР (Центар за меѓународна соработка и развој) за поддршката. Ова е пример како преку визија, соработка и посветеност создаваме проекти што ќе служат на генерации. Заедно градиме поуспешна и поодржлива Македонија“, додаде министерот.