Трипуновски: ЗК Пелагонија ќе ослободи над 1.600 хектари земјоделско земјиште, истото ќе биде наменето за вистинските земјоделци

13.02.2025 15:43:00


„Денеска сум на работна посета во Битола и остварив средба со земјоделците од овој регион. Тема на разговор беше во делот на Програмата за финансиска поддршка за 2025 година“, истакна министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски од Битола.

 

„На средбата имаше кратка презентација на она што се новитети во Програмата, зголемени субвенции. Исто така разговаравме и во делот за земјишната политика“, појасни министерот.

 

Министерот Трипуновски во делот во Програмата за финансиска помош пред присустните истакна дека за оваа година има зголемување на субвенциите во делот на сточарството се со цел да се зголеми сточниот фонд и млекопродукцијата.

 

„Во врска со земјишната политика ги информирав денеска земјоделците дека ЗК Пелагонија има поднесено барање за ослободување на над 1.600 хектари земјоделско земјиште. Токму тоа земјоделско земјиште наредниот период ќе биде ставено на располагање на земјоделците од овој регион“, нагласи министерот.

„Она што можам да го заклучам дека новата Програма, распределбата на земјоделското земјиште, Јавниот повик кој што сега се објави и повиците кои што ќе следуваат во наредниот период ќе бидат дополнителен ветер во грб за земјоделците од овој регион“, заклучи министерот Трипуновски.

 

Министерот истакна дека сите јавни повици кои што ќе ги објави Министерството ќе бидат наменети за сите земјоделци од цела Македонија.

Share


Пон
Вто
Сре
Чет
Пет
Саб
Нед

Одберете датум

Јавни огласи и повици