Заменик министерот Фљакрон Беџети учествува на конференцијата на високо ниво „BIOEAST and Beyond,“ која се одржува од 4 до 6 декември 2024 година во Будимпешта, Унгарија. Овој значаен настан, е организиран од Унгарското претседателство со Советот на Европската Унија и Министерството за земјоделство на Унгарија, и се фокусира на истражувачките и иновативните приоритети, при што се разгледуваат клучни прашања поврзани со безбедноста на системот на храна и биоекономијата на земјоделството.
Во своето обраќање, заменик министерот Беџети ја истакна важноста од трансформација на прехранбените системи соочени со предизвиците од климатските промени. Тој го нагласи сè поголемото влијание на овие промени врз земјоделството и ја подвлече клучната улога на истражувањата и иновациите во создавањето одржливи земјоделски системи. Исто така, заменик министерот ја нагласи потребата од инвестиции во модерни технологии за справување со тековните предизвици и градење поодржлива иднина за земјоделскиот сектор.
Настанот „BIOEAST and Beyond“ претставува уникатна платформа за размена на идеи и за координација на идните активности за одржлив развој на земјоделството и биоекономијата во регионот на Централна и Источна Европа.