Одржан е четвртиот состанок на Комитетот за следење на ИПАРД Програмата 2021-2027

03.12.2024 17:20:00


Денес се одржа четвртиот состанок на Комитетот за следење на ИПАРД Програмата 2021-2027 со кој претседаваше Државниот секретар Даниела Иротова Лазарева.

Преку работа и посветеност на сите членови на Комитетот се придонесува за развојот на земјоделството и одржливото искористување на природните ресурси во нашата земја.

Поддршката од ИПАРД програмата е клучна за модернизација за земјоделскиот сектор,за подобрување на конкурентноста и за креирање на нови работни места. Задачата е да се обезбеди транспарентност, ефективност и успешно спроведување на проектите во соработка со сите вклучени институции и партнери. Комитетот има клучна улога во креирањето на политиките за развој на земјоделството, како и за подобрување на инфраструктурата во нашата земја.

Share


Пон
Вто
Сре
Чет
Пет
Саб
Нед

Одберете датум

Јавни огласи и повици