Беџети: Заштитата и одржливото користење на природните ресурси, обврска кон идните генерации

14.11.2024 16:00:00


Заменик-министерот Фљакрон Беџети, учествуваше на Регионалната конференција организирана од CNVP со поддршка на PONT, на тема „Одржливо користење на природните ресурси во Шара, Кораб-Коритник и Албанските Алпи.“

Во своето обраќање, заменик-министерот Беџети ја истакна важноста на заштитата и одржливото користење на природните ресурси, оценувајќи го тоа како обврска кон идните генерации. Тој нагласи дека овој принцип треба да биде водечки при развивањето на националните и регионалните политики.

Конференцијата се одликуваше со промовирање на одржлив развој преку зачувување на природните богатства и мотивирање на локалните заедници за одговорно користење на ресурсите. Главната цел е поттикнување на одгледување автохтони култури и развој на алтернативен туризам, со што ќе се овозможат економски придобивки и зачувување на биодиверзитетот, што може да послужи како модел за целиот регион.

Share


Пон
Вто
Сре
Чет
Пет
Саб
Нед

Одберете датум

Јавни огласи и повици