Заменик министерот Фљакрон Беџети, одржа средба со Министерот за земјоделство, шумарство и рурален развој на Република Косово, Фатон Пеци, и Заменик министерот, Имри Демелези.
На оваа средба, главниот фокус беше ставен на проширување на соработката во секторот за земјоделство преку размена на искуства и добри практики, создавајќи нови можности за заеднички развој. Беа дискутирани заеднички проекти за финансиска поддршка од различни фондови, како и можности за подобрување на пристапот до напредна технологија за земјоделците и агро-прехранбените бизниси на двете земји.
За време на посетата, заменик министерот Беџети и неговата делегација посетија организации што работат во агро-прехранбениот сектор, како и преработувачката компанија Berryland, која е иновативен пример за преработка на овошје. Средбата отвора пат за силна соработка во земјоделството со директни придобивки за земјоделците од двете земји.