Трипуновски на средба со Оливер Миланов, директор на Агенција за храна и ветеринарство

04.07.2024 17:30:00


Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски денеска одржа работна средба со новоизбраниот директор на Агенција за храна и ветеринарство Оливер Миланов.
На средбата е разговарано за потребата за дигитална транформација на Агенцијата се со цел подобра и побрза комуникација, подобрување на квалитетот на услугите и зголемена транспарентност, бидејќи македонските граѓани заслужуваат да знаат каква храна конзумираат.
Само со посветена и сериозна работа ќе ја вратиме довербата на граѓаните во институциите, здравјето на нашите граѓани ни е на прво место.

Share


Пон
Вто
Сре
Чет
Пет
Саб
Нед

Одберете датум

Јавни огласи и повици