МЗШВ: Исплатени субвенциите до 3.187 мали земјоделски стопанства во износ од 63,5 милиони денари

16.02.2024 18:20:00


Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ги информира земјоделците дека денеска Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развојја изврши исплатата на мерката за мали земјоделски стопанства дефинирани според историски плаќања за претходните три години. 

Висината на директните плаќања се утврдува како просек од висината на одобрените финансиски средства за директни плаќања по програмите за финансиска поддршка во земјоделството за 2020, 2021 и 2022 година и тоа:

 - За одобрен просек од 0 до 10.000 денари се исплаќаат 10.000 денари

 - За одобрен просек од 10.000 до 20.000 денари се исплаќаат 20.000 денари

 - За одобрен просек од 20.000 до 30.000 денари се исплаќаат 30.000 денари

 - За одобрен просек од 30.000 денари до 40.000 денари се исплаќаат 40.000 денари 

Вкупната исплатена финансиска поддршка за оваа категорија земјоделци изнесува 63,5 милиони денари за одобрени 3.187 земјоделски стопанства.

Share


Пон
Вто
Сре
Чет
Пет
Саб
Нед

Одберете датум

Јавни огласи и повици