Врз oснова на член 101 став (1) од Законот за земјоделство и рурален развој („Службен весник на Р Македонија“ бр. 49/10, 53/11, 126/12, 15/13, 69/13, 106/13, 177/14, 25/15, 73/15, 83/15, 154/15, 11/16, 53/16, 120/16, 163/16, 74/17, 83/18, 27/19, 27/19 и „Службен весник на РС Македонија“ бр. 152/19, 244/19, 275/19, 110/21, 123/22 и 65/23), член 9 став (1), член 11 ставовите (1) и (9), член 12 ставовите (1), (2) и (3), член 13 ставовите (1), (2), (6) и (1) и член 14 став (3) од Уредбата за видот на активности, максималниот износ по активности, корисниците, субјектите кои учествуваат во постапката, поблиските критериуми и начинот за доделување на техничката поддршка во земјоделството и руралниот развој („Службен весник на РС Македонија“ бр. 208/19, 236/19, 53/21, 175/21, 257/21, 67/22, 81/22, 206/22, 43/23, 123/23 и 223/23) и дел II став (2) точка 1 „Техничка поддршка во земјоделството и руралниот развој“ потточка 1.7 „Воспоставување и спроведување на иновативни практики“ од Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за 2024 година („Службен весник на РСМ“ бр. 13/24), Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство објавува:
Ј А В Е Н П О В И К
ЗА ТЕХНИЧКА ПОДДРШКА ЗА ВОСПОСТАВУВАЊЕ И СПРОВЕДУВАЊЕ НА ИНОВАТИВНИ ПРАКТИКИ
I. Предмет на јавниот повик
Предмет на јавниот повик е доделување на техничка поддршка за воспоставување и спроведување на иновативни практики за:
- спроведување на истражувања и
- апликација на научно-истражувачки достигнувања од областа на земјоделството и руралниот развој.
Поддршката за спроведување на истражувања се однесува на пилот истражувања во времетраење до шест месеци, краткорочни истражувања во времетраење до 12 месеци или долгорочни истражувања во времетраење од 12 месеци до 36 месеци.
II. Корисници на техничката поддршка
Корисници на техничката поддршка се јавни научни установи и истражувачи согласно Законот за научно-истражувачката дејност, образовна институција или установа која ги исполнува условите согласно Законот за високото образование(*), Законот за средното образование, Законот за стручното образование и обука и Законот за образование на возрасните и земјоделски здруженија регистрирани согласно Законот за здруженија и фондации.
III. Поблиски критериуми и начин за доделување на техничката поддршка во земјоделството и руралниот развој
Постапката за избор на корисници по јавниот повик ја спроведува комисија формирана од страна на министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство која составува записник за отворање на поднесени предлози, врши евалуација на предлозите за користење и доставува предлог за избор на корисници со висината на одобрената поддршка по корисници до министерот.
Поблиски критериуми за избор на корисниците се:
Критериуми
|
Минимум бодови по критериуми
|
Максимум бодови по критериуми
|
1
|
Усогласеност на проектот со приоритетните области за истражување утврдени во Националната стратегија
земјоделство и рурален развој
|
2,4
|
12
|
2
|
Пристап кон истражувањето
|
2,4
|
12
|
3
|
Вклученост на потенцијалните корисници во проектот
|
3,2
|
16
|
4
|
Директни и индиректни придобивки од проектот
|
4
|
20
|
5
|
Општи критериуми за оценување
|
8
|
40
|
5.1 Иновативност и создавање / проширување на нови знаења
|
1
|
5
|
5.2 Оригиналност и релевантност на целите и активностите
|
1
|
5
|
5.3 Компетентност на главен истражувач
|
1
|
5
|
5.4 Компетентност на истражувачкиот тим
|
1
|
5
|
5.5 Дефиниран план на истражување, активности, време и учесници
|
1
|
5
|
5.6 Оправданоста на предложениот буџет и времетраење во однос на предложеното истражување
|
1
|
5
|
5.7 Финансиско учество на други партнери (други извори на
финансирање) во проектот
|
1
|
5
|
5.8 Дефинирани индикатори за следење и евалуација на проектот
|
1
|
5
|
|
ВКУПНО
|
20
|
100
|
|
|
|
|
|
Како прифатливи предлози се предлозите кои по изборот од страна на комисијата ќе освојат повеќе од 50 бода.
Врз основа на доставениот предлог за избор на корисници од комисијата, министерот донесува одлука за избор на корисници.
Висината на техничката поддршка ќе биде утврдена врз основа на склучен договор од страна на министерот и избраниот корисник.
IV. Доставување на предлогот за користење на техничка поддршка
Предлогот се доставува во еден оригинален примерок напишан на сопствен меморандум, потпишан и заверен со печат од корисникот на техничката поддршка.
Предлогот за користење на техничка поддршка особено содржи:
- Податоци за предлагачот;
- Назив и резиме на предлогот;
- Опис на предлогот (опис на постоечки состојби, поставени цели, целни групи, активности кои ги опфаќа предлогот и очекувани резултати);
- План на активности со временска рамка за реализација на предлогот по активности и методологија за нивна реализација;
- Финансиски план на трошоците со детална спецификација на трошоци, временска рамка за нивно настанување и извори на финансирање, како и банкарска сметка на која треба да се исплати поддршката и одговорно лице за настанот;
- Изјава дека прифатливите трошоци за реализација на активноста не се финансирани од друга институција.
Кон предлогот за користење на техничка поддршка се приложуваат и следните документи:
- Тековна состојба од Централен регистар на РС Македонија;
- Препораки или други докази за претходна имплементација на сродни предлози;
- Доказ од Централен регистар на РС Македонија дека не е поведена стечајна и ликвидациона постапка;
- Доказ од Управа за јавни приходи за платени даноци и други јавни давачки и
- За здруженија и стопански комори: годишна програма за работа со вклучени активности од предлогот за користење, усвоена согласно Статутот.
Јавниот повик трае 30 дена од денот на објавувањето на веб страната на Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство.
Предлозите доставени после рокот за поднесување и предлози со некомплетна документација, нема да бидат предмет на понатамошна постапка на разгледување и истите ќе бидат одбиени.
Предлозите се доставуваат до архивата на Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство, ул. „Ленинова“ број 2, 1000 Скопје, со назнака „За јавен повик за воспоставување и спроведување на иновативни практики“.
V. Начин на доделување на техничката поддршка
Техничката поддршка се реализира по потпишување на договорот.
Максималниот износ на техничката поддршка за спроведување на истражувања изнесува 100% од вкупната висина на трошоците, но не повеќе од 900.000 денари по корисник.
Максималниот износ на техничката поддршка за апликација на научно-истражувачки достигнувања од областа на земјоделството и руралниот развој изнесува 80% од вкупната висина на трошоците, но не повеќе од 1.200.000 денари по корисник.
За реализација на добиената техничка поддршка од овој јавен повик, корисниците треба да спроведат постапка за јавна набавка согласно прописите за јавните набавки.
Исплатата на техничката поддршка може да се врши двократно и тоа авансно 20% од одобрениот износ, согласно прописите за јавните набавки, а и исплатата на останатите 80% од одобрениот износ по завршувањето на активноста и по доставување на извештајот за реализирана активност.
Корисниците на техничката поддршка треба во рок од 30 дена по завршување на активноста да достават извештај за реализираната активност до Министерството кој треба да содржи пропратно писмо со листа на документи кои се доставуваат, наративен опис на реализираната активност, реализирани финансиски средства со докази.
VI. Прилози на јавниот повик
За подготовка на предлогот за користење, Министерството на веб страна www.mzsv.gov.mk објавува детално Упатство за изработка на предлогот.
Дополнителни информации може да се добијат во Министерството за земјоделство шумарство и водостопанство на телефон 02/ 3134477 локал 204 или на веб страната на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство www.mzsv.gov.mk