Повик за ангажирање на експерти за обезбедување експертска помош и советодавни услуги за корисници на грант

13.12.2023 11:10:00


Повик за ангажирање на експерти за обезбедување експертска помош и советодавни услуги за корисници на грант

Држава: Република Северна Македонија

Агенција за имплементација: Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство на Република Северна Македонија

Проект: Проект за модернизација на земјоделството

Заем бр.: 9037 - МК

Датум: 13 декември 2023 година

Основни информации

Владата на Република Северна Македонија презема напори за модернизација на земјоделскиот сектор со цел остварување на економските и социјалните придобивки за идниот развој и просперитет. Владата побара поддршка од Светска банка за Проектот за модернизација на земјоделството (ПМЗ), кој беше одобрен од Бордот на извршни директори на Светска банка на 30 јануари 2020 година и стапи во сила на 18 јуни 2021 година.

Поткомпонента 1.1 - Пристап до обуки и советодавни услуги

Поткомпонентата на Проектот има за цел да обезбеди висококвалитетни обуки и советодавни услуги за земјоделски производители и агробизниси. Овој повик се однесува на предвидената финансиска поддршка за производители и агробизниси низ Северна Македонија во форма на мечинг грантови за советодавни услуги од страна на квалификувани експерти кои ќе бидат финансиски поддржани со најмалку 50% од грантовата шема на Проектот за модернизација на земјоделството. Советодавните услуги поддржани од проектот се очекува да го подобрат пристапот до квалитетни совети за областите наведени подолу во делот „Потребни профили и експертиза“ во овој повик.

Повик за експерт

Ќе се формира пул на регионални експерти за поддршка на производители и агробизниси во Северна Македонија.

Бараме „изразување на интерес“ од страна на експерти кои можат да обезбедат висококвалитетна помош и советодавни услуги за земјоделските домаќинства и бизниси. Целта е да се поддржат и подобрат продуктивноста, профитабилноста и одржливоста на земјоделските активности со експертска поддршка од регионот за корисници во Северна Македонија.

Потребни профили и експертиза

Бараме експерти со искуство во следните области:

  • Климатски-паметни технологии [1]
  • Управување со фарма и деловно планирање;
  • Агрономија и растително производство;
  • Зачувување на почвата и водата;
  • Развој и маркетинг на агробизнисот;
  • Органско производство;
  • Технологија на обработка;
  • правни советници;
  • Истражување на пазарот;
  • Приспособување и ублажување на климатските промени;
  • Сите други поврзани области за поддршка на производството и преработката на овошје и зеленчук предложени од експертите.

Бараме експерти кои имаат:

  • Релевантно образование во една од горенаведените области;
  • Најмалку 5 години релевантно искуство во горенаведените области;
  • Активно познавање на јазиците од балканската група;
  • Активно познавање на англиски јазик.

Како да изразите интерес

Доколку имате искуство во обезбедување техничка помош и советодавни услуги за земјоделските домаќинства и бизниси во регионот на Западен Балкан, ве охрабруваме да поднесете изразување на интерес. Избраните експерти ќе бидат вклучени во базата на податоци што ќе се користи за обезбедување услуги на различни клиенти од земјоделскиот сектор, вклучително и малите земјоделци, средните агробизниси и големите комерцијални операции за време на спроведувањето на грантовата шема во рамки на Проектот за модернизација на земјоделството.

За да бидете земени предвид, ве молиме поднесете ги следните документи:

Кратка биографија (CV) со детали за вашето искуство и квалификации;

Кратка изјава за интерес во која се наведува на кој начин сте во можност да придонесете кон нашите напори за поддршка на земјоделските домаќинства и бизниси со вклучени препораки од најмалку тројца претходни клиенти или работодавци;

Изразувањата на интерес мора да бидат доставени во писмена форма на имејл адреса наведена подолу до среда, 31 јануари 2024 година.

Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство

Овластено лице: г. Трајан Димковски, проектен директор

Ул. Аминта Трети бр. 2

1000 Скопје, Северна Македонија

Имејл адреса: procurement@amp.mk 



[1] Климатски-паметни технологии како што се управување со почвите, подобрено хранење на добитокот, зачувување на почвата, бариери за заштита од ветер, мулчирање/покривка на почвата, подобрена ефикасност на наводнувањето, складирање на вода/жетва при дожд, мрежи за засенчување/против град, третман на ѓубриво, одводнување , употреба на ѓубрива и биоѓубрива, компост, интегрирано управување со штетници, соларно ладење, соларни системи за греење и опрема за енергетска ефикасност во преработувачките капацитети, соодветно складирање на жито за ограничување на наездата на штетници меѓу другото.

Share


Пон
Вто
Сре
Чет
Пет
Саб
Нед

Одберете датум

Јавни огласи и повици