Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски, заедно со државниот советник за рурален развој, Трајан Димовски и раководителот на секторот за рурален развој Гоце Георгиевски, остварија работна средба со деканот на факултетот за Ветеринарна медицина, Тони Довенски.
Министерството заедно со факултетот за Ветеринарна медицина започнуваат со реализација на нов проект за развој на домашното сточарство. Идеја на која се работи од 2017 година, а денес станува реалност.
Преку Програмата за рурален развој, каде што се издвоени 14 милиони денари, ги започнуваме инвестициите, за подобрување на генетскиот потенцијал на млечни крави, преку употреба на сексирано семе и ембрио- трансферот.
Инвестицијата во центар за ембрио трансфер е основен столб за развој на сточарството. Со воспоставувањето на оваа пракса, ќе се зголеми генетскиот потенцијал на кравите, а фармерите ќе имаат сигурност дека стелните јуници ќе бидат оплодени со женски телиња до 95% од случаите.
Како министерство поддршката кон научните институции ја продолжуваме. Со овие средства, кои ги обезбедивме, го спојуваме знаењето со модерната технологија, за брз почеток на градење на домашна високо педигрирана генетика во говедарството.