Николовски: Новата логистичко-дистрибутивна платформа во Скопје силно го унапредува земјоделскиот сектор и отвора нови работни места

29.11.2023 15:55:00


Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски, заедно со претствници на Светска Банка, денеска беше на увид на локацијата на новата логистичко-дистрибутивната платформаво Скопје, општина Гази Баба.

Оваа логистичко-дистрибутивната платформа е уште една голема и значајна капитална инвестиција која станува реалност, со што се исполни уште едено ветување дадено пред земјоделците и пред граѓаните.

Пред само неколку недели беше потпишан договорот и започна процесот за изградба. Ова е голема стратешка инвестиција која ќе се простира на околу 30.000 метри квадратни со огромен потенцијал да процесира околу 46.000 тони овошје и зеленчук.Платформата, овозможува организирање и унапредување во снабдувањето, со безбедни и свежи прехранбени производи. Овозможува поедноставен пристап до пазарот, за локална свежа храна и ќе обезбеди логистички и други услуги за земјоделско-прехранбениот сектор, за домашниот и меѓународниот пазар.

„Логистичко-дистрибутивна платформа не е само градежен проект, туку симбол за посветла иднина во земјоделскиот сектор во земјата. Како што ќе напредува низ своите фази, новата платформа ветува дека ќе го трансформира земјоделството, правејќи го поконкурентно, одржливо и економски просперитетно“ изјави министерот Николовски.

Договорот со избраното консултантско партнерство е поделен во неколку фази. Првата фаза се фокусира на избор на соодветна локација, урбанистичко планирање, физибилити студија, стратешки и бизнис план, проценки на влијанието врз животната средина и социјални аспекти, како и прирачник кој ги содржи операциите на платформата.

Втората фаза вклучува подготовка на главен проект и финализирање на планот за управување со животната средина и социјалните аспекти. Оваа фаза ќе го отвори патот за добивање на потребните градежни дозволи, обезбедувајќи усогласеност со националното законодавство и стандардите на организацијата FIDIC која е позната по пакет шаблони за договори за градежништво усогласени со меѓународните стандарди за градежна технологија и консултантски инженеринг.

„Еве денес, токму од локацијата, овде во Скопје, во оптшина Гази Баба, каде е предвидена изградбата на оваа важна капитална инвестиција, започнува реализирањето на првата фаза од проектот.Ова е голем капитален прокет, кој се реализира за прв пат во историјата на државата, со огромна важност за развојот и унапредувањето на земјоделскиот сектор“ потенцираше министерот Николовски.

Средствата за изградбата на платформата се обезбедени преку Проектот за модернизација на земјоделството, финансиран со заем од Светска Банка, во износ од 46 милиони евра, и дополнителни 4 милиони евра грант од Европската Унија преку ИПА фондовите. Она што од оваа Логистичко-дистрибутивната платформа се очекува е да се вклучи пазар на големо и да биде логистичка област со капацитети за суви и ладни складишта.

Логистичката платформа дава можност за подобро организиран извоз на македонските земјоделски производи и на едно место ги поврзува сите земјоделци, нудејќи им преку оваа логистичка платформа можност за пласман на нови пазари за нашите домашни земјоделски производи. Истовремено на потрошувачите ќе им понуди безбедни и висококвалитетни производи, јакнејќи ја уште повеќе безбедноста на храната и хигиенските услови. Со изградбата на оваа логистичка платформа отвараме нови работни места, кои пред се би биле за овој дел од градот. Исто така ќе помогне во формализирањето на пазарите и ќе даде позитивно влијание врз животната средина.

Покрај изградбата на логистичко-дистрибутивната платформа во Скопје, како дел од проектот за модернизација на земјоделството, се предвидува и изградба на два откупни центри во Струмица и Ресен. Наскоро ќе бидат потпишании договорите за овие два значајни проекти, со што можеме да го означиме стартот на нивната реализација.

Заедно, овие три значајни капитални инвестиции, на нашите земјоделци им даваат сигурност, подобро организиран и гарантиран пласман и пазар за нашето домашно земјоделско производство.

Share


Пон
Вто
Сре
Чет
Пет
Саб
Нед

Одберете датум

Јавни огласи и повици