Оглас за специфична набавка Барање за прибирање понуди за неконсултантски услуги (БПП)

21.09.2023 11:45:00


Нарачател: Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ)

Проект: Проект за модернизација на земјоделството

Наслов на Договорот: Набавка на неконсултантски услуги за подобрување на квалитетот на податоците за земјоделско земјиште во државна сопственост - поделба на парцели во сосопственост

Држава: Република Северна Македонија

Заем бр.: 9037-MK

БПП бр.: AMP-TS-БПП-C2.2-1

Oбјавено на: 21.09.2023 година

1. Владата на Република Северна Македонија доби финансирање од Светска банка за покривање на трошоците на Проектот за модернизација на земјоделството, со намера да примени дел од средствата за вршење исплата според Договорот за Набавка на неконсултантски услуги за подобрување на квалитетот на податоците на земјоделско земјиште во државна сопственост - поделба на парцели во сосопственост.

2. Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ) сега ги повикува подобните понудувачи да ги достават понудите за подобрување на квалитетот на податоците на државното земјоделско земјиште, и поконкретно, за поделба на парцели на обработливо земјиште и пасишта во сосопственост и на државата, онаму каде што е постигнат консензус меѓу сосопствениците, а како продолжение, доставување на барањe до Агенцијата за катастар на недвижности (АКН) за запишување промени во катастарската база на недвижности во општините Свети Николе и Лозово, под подрачното одделение на АКН во Свети Николе и Штип и Карбинци под подрачното одделение на АКН во Штип:    

Бр.

Подрачно одделение на АКН

Општина

Бр.на катастарски парцели

1

Свети Николе

Свети Николе

57

2

Свети Николе

Лозово

22

3

Штип

Штип

18

4

Штип

Карбинци

10

во период од приближно 12 месеци по потпишувањето на Договорот. 

3.  Прибирањето понуди ќе се спроведе со национална набавка согласно Барањето за прибирање понуди (БПП) како што е наведено во Регулативата за набавки на Светска Банка за финансирање на инвестициски проекти „Набавка при финансирање на инвестициски проекти за стоки, работи, неконсултантски и консултантски услуги, (Регулатива) издадена во јули 2016 година, ревидирана во ноември 2017 и август 2018 година („Регулатива за набавка“), и е отворена за сите подобни понудувачи како што е дефинирано во Правилникот за набавки.

4.Заинтересираните подобни понудувачи можат да добијат дополнителни информации од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, од г. Трајан Димковски, директор на проектот, на следната е-пошта: procurement@amp.mk и да ја разгледаат тендерската документација во работното време од 09:00 часот до 14:00 часот на адресата наведена подолу.

5. Тендерската документација на македонски и англиски јазик може да ја добијат заинтересираните подобни понудувачи по поднесување на барање во писмена форма на долунаведената адреса. Документот ќе биде испратен на регистрираната е-пошта во пдф формат со потврда за прием/достава.

6. Понудите мора да бидат доставени на долунаведената адреса на или до 19.10.2023 година до 15.00 часот по лолакно време (ГМТ+1)]. Нема да се дозволи електронско наддавање. Задоцнетите понуди ќе бидат одбиени. Понудите ќе бидат јавно отворени во присуство на назначените претставници на понудувачите и секој оној кој сака да присуствува на долунаведената адреса на 19.10.2023 година до 15.15 часот по локално време (ГМТ+1).

7. Сите понуди мора да бидат придружени со Изјава за понуда.

8. Внимателно прочитајте ја Регулативата за набавки согласно која се бара Заемопримачот да ги прикаже информациите за вистински сопственик на најуспешниот (избраниот) Понудувач, како дел од Огласот за доделување на Договор, користејќи го Образецот за приказ на вистински сопственик, кој е составен дел од тендерската документација.

9. Адресата на која се упатува погоре е: 

Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство

Проект за модернизација на земјоделството
До: Трајан Димковски
Директор на проектот
ул. Аминта Трети бр. 2, 1000 Скопје, Северна Македонија
тел: (02) 3134 477
факс: (02) 3230 429
е-пошта:  procurement@amp.mk     
веб-страница: www.mzsv.gov.mk

 

Документи за превземање

AMP-TS-RFB-C2.2-1 Оглас за специфична набавка-21092023
Прашања и одговори - Поделба на парцели во сосопственост
Share


Пон
Вто
Сре
Чет
Пет
Саб
Нед

Одберете датум

Јавни огласи и повици