Средба Николовски – Памер: Го отвораме патот за пласман на македонското вино на австрискиот пазар

14.09.2023 17:00:00


Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски, денеска оствари работна средба со новиот австриски амбасадор во Ребулика Северна Македонија, Мартин Памер.

На средбата министерот Николовски и амбасадорот Памер разговараа развојот на винарството во нашата земја и поддршката која министерството ја дава за лозарите и винарите. 

Австрискиот амбасадор Памер е голем љубител на македонското вино и изрази желба да и помогне на нашата земја нашето убаво македонско вино да се најде на австрискиот пазар.

Мерките кои како министерство ги преземаме за поддршка на винскиот секот и лозарството даваат резултати. 

Од година во година бележиме зголемување на извозот на флаширано вино. Како држава сме позиционирани на високото 13 место во светот по девизен прилив од извозот на вино. Македонското вино го позиционираме високо на винските мапи, а винскиот сектор е од стратешко значење за економијата на нашата земја.

Северна Македонија и Австрија имаат долгогодишна соработкаа резултат од оваа успешна соработка се бројни странски инвестиции кој доаѓаат во нашата земја од Австрија.

Share


Пон
Вто
Сре
Чет
Пет
Саб
Нед

Одберете датум