Информативна кампања ИПАРД 3 – НОВИ МОЖНОСТИ ЗА МАКЕДОНСКОТО ЗЕМЈОДЕЛСТВО, има за цел да ги доближи до секој еден потенцијален корисник сите новости и можности кој ги нуди оваа програма.
Информатвните презентации ги спроведуваат претставници на секторот ИПАРД при МЗШВ и Платежната Агенција, детално објаснувајќи ги новостите од ИПАРД 3 програмата, како и можностите за инвестиции со првиот јавен повик од ИПАРД 3 за мерките 1 и 7.
Дополнително сите заинтересирани корисници или група на граѓани кои пројавуваат интерес за одржување на инфо средба каде би биле запознаени со новата ИПАРД 3 програма, можат по електронски пат да закажат средба на меил адресата info@ipard.gov.mk, или телефонски преку секторот за ИПАРД при МЗШВ https://rb.gy/0rbab
Во прилог распоредот на информативната кампања ИПАРД 3 – НОВИ МОЖНОСТИ ЗА МАКЕДОНСКОТО ЗЕМЈОДЕЛСТВО