Јавен повик за доставување на барања за користење на средства по мерка 1 и мерка 7 од ИПАРД 3 програмата

01.09.2023 15:00:00


Објавен е првиот јавен повик од ИПАРД 3 програмата за доставување на барање за користење на средства по мерка1 – Инвестиции во основни средства на земјоделски стопанства и мерка 7 - Диверзификација на фарми и развој на бизниси. Вкупната вредност за инвестиции која на располагање се става со приот јавен повик за двете мерки изнесува 30 милиони евра. 

Корисникот треба да пополни и поднесе Барање за користење средства од ИПАРД Програмата 2021-2027 за поединечна мерка, Деловен План изработен согласно Упатството за изработка на Деловен План или Технички предлог проект и придружна документација како што е наведена во овој Јавен Повик. Пополнетото Барање за користење средства од ИПАРД Програмата 2021-2027 заедно со Деловниот план/Техничкиот предлог проект и целокупната потребна документација се доставуваат во затворен плик со назнака на предната страна на пликот во горниот лев агол “НЕ ОТВАРАЈ“ за Јавен оглас ИПАРД 2021-2027 број 01/2023 и назначување на мерката за која се поднесува барањето. Барањето може да се достави по пошта како препорачана пратка или лично во писарницата на Агенцијата.

Повикот е отворен, а крајниот рок за поднесување на барањата е 15 октомври 2023 година со можност за продoлжување до 1 ноември. 

Подетални информации на:

* контакт тел. (02) 3097-460; 

* контакт е-маил адреса: ipardpa.info@ipardpa.gov.mk 

*веб-страната: www.ipardpa.gov.mk  и на 

*линкот https://www.ipardpa.gov.mk/mk/Home/IpardPovici/9

Share


Пон
Вто
Сре
Чет
Пет
Саб
Нед

Одберете датум

Јавни огласи и повици