Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски денеска заедно со директорката на Институтот за тутун во Прилеп проф. д-р Валентина Пеливаноска го потпиша договорот за финансиска поддршка на Институтот за тутун во Прилеп за набавка на систем за наводување капка по капка.
Системот за наводнување капка по капка Институтот би го користел при производството на сертифициран семенски материјал за тутун на површина до 10 хектари.
Научните институти се значаен дел во развојот на македонското земјоделство и во зачувувањето на домашните афтохтони сорти. Токму затоа овие научни институти секогаш ќе ја добиваат поддршката на министерството при реализација на секој еден проект кој ја помага нивната работа.
Како министерство обезбедивме поддршка и на Институтот за ориз во Кочани, кој после 30 години повторно го вративме во фунцкија, обезбедувајќи нов млад и стручен кадар, нова соодветна лабораторија, но и во целост ги вративме претходно одземените земјоделски површини на Институтот.