Денес Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство организираше крводарителска ација, во месец кога има најголем недостаток на крв на Одделението за трансфузиологија при Градската општа болница 8-ми Септември.
Во акцијата учество земаа вработените во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство. Крводарителството е доброволен чин и индивидуален одраз на хуманост и на солидарност. Горди на нашите колеги кои дадоа личен придонес во спасувањето на нечиј живот.