Прва онлајн и бесплатна винска енциклопедија, која на едно место ги лоцира сите македонски винарии. Преку ова геолоцирање и дигитално мапирање на македонските винарии уште повеќе се придонсесува во развојот на винскиот туризам, овозможувајќи им на љубителите во виното, странските гости и винските ентузијати, брзо и едноставно пронаоѓање на македонските винарии.
Голема благодарност до Здравко Јосифовски главниот иницијатор на овој значаен проект во промоцијата на македонските винарии, како и благодарност до професорите Михаил Петков и Златко Прцуловски од Факултетот за земјоделски науки и храна при УКИМ, катедра за лозарство и винарство и Институтот за овоштарство, лозарство и винарство.
Само во првите шест месеци од оваа година имаме нови 100 регистрирани винарии. Вкупно во винскиот регистар на министерството бележиме 250 винарии, а 167 од нив се мали семејни винарии, што говори за успешноста на мерката за поддршка и развој на малите семејни винарии.
ВИНОПЕДИЈА нуди информации и вински продавниции, вински музеи, вински ресторани и угостителски објекти каде гостите можат да ги дегустираат убавите македонски вина и да уживаат во убавите традиционални македонски јадења, но и информации за значајни туристички и историски дестинации.
Првата винска енциклопедија ВИНОПЕДИЈА можете да ја посетите на следниот линк:
VINOPEDIA | Macedonia wine map – Google My Maps .