Успешно заврши првото Собрание на учесници во село Чифлик, кое се одржа вчера вечер, а каде мнозинството земјоделци дадоа силна поддршка за започнување на процесот за консолидација на земјоделското земјиште и планирање на новата земјоделска инфраструктура.
Консолидацијата во Чифлик е дел од проектот “Унапредување на консолидацијата на земјиште во Северна Македонија" со вкупен буџет од 1.2 милиони евра, финансиски поддржан до Европската Унија и ко-финансиран и спроведен од страна на ФАО, а под раководоство на МЗШВ, кој опфаќа консолидација на повеќе 1.200 земјоделски парцели.
Бенефитите за земјоделците од успешно завршен процес на консолидација се многукратни, па така земјоделците добиваат окрупнување на земјиштето, изградба на нови и обнова на постојните пристапни патишта до нивите, како и рехабилитација на каналите за одводнување и наводнување.
Северна Македонија е земја лидер во регионот по спроведување на процесот за консолидација на земјоделското земјиште. Претходниот проект за консолидација Маинланд заврши со 99% реализација и консолидирани земјишни парцели во 9 подрачја: Конче, Егри, Логоварди, Оптичари, Трн, Дабјани, Кожле, Соколарци и Спанчево.
Заедно со нашите партнери во реалиација на процеснот на консолидација, ЕУ и ФАО, ја подготвивме и новата Национална стратегија за консолидација на земјиште 2022-2030 година. Новата стратегија ја одразува нашата определба да продолжиме да ја намалуваме расцепканоста на земјоделското земјиште и малата површина на земјоделските стопанства.