Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски денеска во Битола ја посети Food Republic, прва и единствена специјализирана продавница во државата, каде на едно место може да се најдат повеќе од 570 различни производи, приготвени по традиционални рецепти, уникатни и единствени, изработени од вредните раце на малите производители на храна и пијалоци.
Како министерство од оваа година, за прв пат, обезбедивме поддршка за малите производители на храна, преку грант до 10.000 евра за набавка на опрема за производство и ангажирање на стручно лице.
Разни млечни и месни производи, уникатни вина од малите семејни винарии, крафт пива, ракии и алкохолни пијалоци од малите дестилерии, масла, сокови, ликери, разни макала, намази, зимница, џем, мармалад, сушено овошје и зеленчук, домашни тестенини се само дел од производите во Food Republic, што го прави место кое вреди да се посети. Место каде може да се видат резултатите од поддршката која досега министерството ја дава за поддршка на младите земјоделци и руралните жени, како и поддршката за малите производители на храна.