Во рамки на теренските активности министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски во преспанското село Арвати ја посети малата семејна винарија Алесто, која постои од 2022 година и е првата регистрирана мала винарија во Преспа.
Сопственик на малата семејна винарија Алесто е Александар Димовски, регистриран млад земјоделец, кои ја препознал поддршката што како министерство ја даваме за развој на малите семејни винарии и младите земјоделци, а со своите 25 години е најмладиот сопственик на мала семејна винарија.
Преку грантот, од првиот повик, за поддршка до 10.000 евра за набавка на опрема на малите семејни винарии, малата семејна винарија Алесто има набавено 15 инокс цистерни со капацитет од 5.500 литри, гроздомелачка, преса, затварачка, филтер и пумпа. Малата винарија Алесто за сега произведува 5 вида на вино и е дел од здружението Тиквешки семејни винарии.
Малите семејни винарии се наша успешна приказна со која сите треба да се гордееме. Поддршката која ја даваме за малите семејни винарии го отовори патот за нивен развој, па денес сме сведоци на успешни мали семејни винарии низ целата држава.
Ваквите успешни приказни како Александар се наш мотив да ја продолжиме поддршката и да креираме мерки со кои уште повеќе ќе ги мотивираме младите да се занимаваат со земјоделство.