По барање на земјоделците до 14 јули се продолжува рокот за аплицирање за субвенции 2023

27.06.2023 16:45:00


Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ги информира земјоделците дека до 14 јули 2023 година се продолжува рокот за аплицирање за директни плаќања по програмата за финансиска поддршка во земјдоелството за 2023 година, за растително и сточарско производство.

Земјоделците своите барања можат да ги достават секој работен ден во канцелариите на подрачните единици на министерството или електронски преку веб страната на АФПЗРР https://e-subvencii.ipardpa.gov.mk/perun/index.html 

Продолжувањето на рокот за аплицирање за субвенции 2023 е по барање на земјоделците, со цел да се излезе во пресрет на сите земјоделци кои досега не стигнаа навремено да аплицираат.

Share


Пон
Вто
Сре
Чет
Пет
Саб
Нед

Одберете датум

Јавни огласи и повици