Аплицирајте за директни плаќања за добиено теле по пат на В/О

22.06.2023 12:00:00


Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ги повикува земјоделците навремено да аплицираат за директни плаќања за добиено теле по пат на В/О.

Корисници на оваа подмерка се земјоделските стопанства одгледувачи на регистрирани говеда, кои имаат оплодена крава/јуница по пат на В/О и добиено и регистрирано теле во период мај 2022 - април 2023 година.

Висината на директните плаќања изнесува 1.200 денари по добиено и регистрирано теле. Додека висината на директните плаќања за добиено и регистрирано женско теле по пат на примена на полово преддефинирано семе (sex semen) изнесува 2.500 денари.

МЗШВ ги потсетува земјоделските стопанства дека крајниот рок за поднесување на апликации за субвенции за 2023 година за растително и сточарско производство е до 30 јуни 2023 година. Земјоделците барањата можат да ги достават секој работен ден во канцелариите на подрачните единици на МЗШВ, или електронски преку веб страната на Платежната Агенција. 

Share


Пон
Вто
Сре
Чет
Пет
Саб
Нед

Одберете датум

Јавни огласи и повици