Аплицирајте за директни плаќања за одгледани и заклани грла говеда во регистриран кланичен капацитет

21.06.2023 19:30:00


Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ги повикува земјоделците навремено да аплицираат за директните плаќања за одгледани и заклани грла говеда во регистриран кланичен капацитет.

Како корисници на оваа подмерка се јавуваат земјоделските стопанства кои одгледале и продале или заклале говеда во регистриран кланичен капацитет запишани во Регистар на одобрени објекти за производство на храна од животинско потекло, за период од мај 2022 година до април 2023 година. Висината на директните плаќања изнесува 1.500 денари по продадено или заклано грло говедо.

Дополнителни субвенции се предвидени од подмерката 2.5 за одгледани и заклани грла говеда во регистриран кланичен капацитет. Кај оваа подмерка како корисници се јавуваат земјоделските стопанства кои одгледале и продале или заклале говеда во преработувачки капацитети запишани во Регистар на одобрени објекти за производство на храна од животинско потекло, односно се корисници на подмерката 2.5 од Уредбата за поблиските критериуми за директни плаќања, корисниците на средствата, максималните износи и начинот на директните плаќања за 2023 година.

Услов за остварување на право за дополнителната субвенција е грлата говеда да не се помлади од 8 месеци и да не се постари од 24 месеци, потоа да имаат минимална тежина од 450 килограми на денот кога се предадени на колење во регистриран кланичен капацитет. Дополнителната субвенција е прифатлива за следните раси на говеда: сименталско, оберинталско, монтафонско, херефорд, шароле, абердин ангус, белгиско плаво, лимузин и истите да се чувани најмалку три месеци во одгледувалиштето до денот пред да се предадат во кланичен капацитет. Висината на дополнителните директни плаќања изнесува 4.000 денари по продадено или заклано грло говедо.

Потсетуваме дека крајниот рок за поднесување на апликации за субвенции за 2023 година за растително и сточарско производство е до 30 јуни 2023 година. Земјоделците барањата можат да ги достават секој работен ден во канцелариите на подрачните единици на МЗШВ или електронски преку веб страната на Платежната Агенција. 

Share


Пон
Вто
Сре
Чет
Пет
Саб
Нед

Одберете датум

Јавни огласи и повици