Николовски од регионалната конференција Grow Up, Копаоник 2023: Ние сите заедно, целиот балкански регион, треба да го гледаме земјоделското производство како заедничка шанса за настап на пазарот на ЕУ

01.06.2023 14:30:00


Во присуство на министерката за земјоделство, шумарство и водостопанство на Србија, Јелена Танасковиќ, регионалниот директор за агробизнис секторот на ЕБРД за централна и југоисточна Европа, Миљан Ждрале, претставници на бизнис секторот, државни институции, прехранбената индустрија, експерти во областа на агросекторот и многу медиумски претставници, денеска на Копаоник во Република Србија се одржа најголемиот агробизнис настан, конференцијата „Grow Up“, на која министерот Љупчо Николовски имаше чест да биде говорник.

Темата на годинешната Grow Up конференција има за цел да ја дефинира силата и капацитетите на државите во областа на агросекторот, додека темата на панелот на кој говореше министерот Николовски беше „Регионалната поврзаност како можност за развој“. За време на панел-дискусијата беа опфатени и неколку подтеми преку кои панелистите го искажаа своето видување за местото и улогата на агросекторот, можноста за заеднички настап на ЕУ пазарите, во кои производни капацитети треба заеднички да делува регионот и која е улогата на најзначајните производи кои се препознаени како предност на пазарите, а потекнуваат од балканскиот регион.

„Ние сите заедно, целиот балкански регион, треба да го гледаме земјоделското производство како заедничка шанса за настап на пазарот на ЕУ. Имаме идеални климатски услови за земјоделско производство и треба да го искористиме тоа што ни го дала приодата. Но, за успех потребно е да настапиме заедно со позначајни количини на стандардизирани производи. Нашите држави во одредени подсектори – градинарство, овоштарство, лозарство, произведуваат релативно мали количини со нестандардизиран квалитет, поради што неможеме да ги исполниме барањата на европскиот пазар, по однос на количини и стандарди. Но, доколку ова го промениме, се здружиме и настапиме заедно, тогаш ЕУ пазарот ќе биде отворен за нас“ рече министерот Николовски.

Регионот го започна процесот на соединување преку иницијативата Отворен Балкан, која е резултат на визионерскиот пристап на лидерите од Северна Македонија, Србија и Албанија. Опен Балкан ги отвори границите на овие три држави и веќе ги даде очекуваните резултати. Транспортот на стоки и услуги е значително зголемен што влијаеше на зголемена трговска размена помеѓу земјите членки на Опен Балкан. Освен тоа, членките на Опен Балка, заеднички настапуваат на саемите низ светот, заедничките штандови привлекуваат огромна медиумска посетеност што е голем придонес за промоција на регионот.

Иницијативата Опен Балкан покажа колку многу ни значи на сите нас. Сите три земји членки, според некои проценки заштедиле околу 30 милиони часови благодарение на тоа што се воспоставени коридироте за слободно движење и брзите ленти за камионите на Опен Балкан. Според Светска Банка, членките на Опен Балкан досега заштедиле над 3 милијарди евра, од кои половината се заштеда на Србија“ потенцираше министерката Танасковиќ.

Во однос на заедничкиот настап на европските пазари, панелистите се согласија дека нашиот регион има голем потенцијал, но ние мора да се прилагодиме на стандардите кои се применуваат во европските земји.

„Европската Унија е стратешки партнер на Северна Македонија. Јас сум од новата генерација на политичари кои одлучивме да носиме храбри одлуки. Нашиот пат е отворен. Европската Делегација не поддржува со многу проекти кои се финансирани токму од  ЕУ. ИПАРД е нашата успешна приказна со максимална искористеност на средствата. Лидери сме и во процесот на консолидација на земјоделско земјиште кој го спроведуваме со поддршка од ФАО. А имаме и други европски проекти со фокус на земјоделството, но ако не ги промениме навиките на нашите земјоделци, ако не произведуваме според стандардите тогаш неможеме да очекуваме успех. Мораме да произведуваме и во доволни количини и со задоволителен квалитет“ подвлече министерот Николовски и го потенцираше успехот кој Северна Македонија го постигна во винскиот сектор, дефинирајќи го виното како производ кој е одлично препознаен на светските пазари.

Конференцијата Grow UP, е најзначајната регионална конференција која ја третира темата за развој на агросекторот. Опен Балкан беше доминатната тема на сите панел дискусии и беше оценето дека иницијативата треба да се зацврствува уште повеќе и да се проширува со нови членки. Воедно, панелистите се согласија дека на Опен Балкан треба да се гледа како на подготовка за влез во Европската Унија.

Во рамките на конференцијата, министерот Николовски оствари средба со Набил Ганги заменик регионален претставник на ФАО за Европа и Централна Азија. На сребата министерот Николовски ги потенцираше резултатите од досегашната соработка и се заблагодари за успешната реализација на проектите кои Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ги спроведува со поддршка од ФАО.

Share


Пон
Вто
Сре
Чет
Пет
Саб
Нед

Одберете датум

Јавни огласи и повици