Почитувани,
Ве информираме дека министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски ќе учествува на регионалната конференција Grow up, која во рамки на иницијативата Отворен Балкан се одржува од 31 мај до 01 јуни 2023 година во Копаоник, Република Србија.
Министерот Николовски заедно со министерката за земјоделство на Република Србија, Јелена Танасковиќ ќе имаат свои обраќања на конференцијата на тема "Регионална поврзаност како можност за развој".