Врз oснова на член 101 став (1) од Законот за земјоделство и рурален развој („Службен весник на Р Македонија“ бр. 49/10, 53/11, 126/12, 15/13, 69/13, 106/13, 177/14, 25/15, 73/15, 83/15, 154/15, 11/16, 53/16, 120/16, 163/16, 74/17, 83/18, 27/19, 27/19 и „Службен весник на РС Македонија“ бр. 152/19, 244/19, 275/19, 110/21, 123/22), член 3 став (1) алинеја 1 и ставовите (2), (3), (4) и (5) член 11 ставовите (1), (9), (10) и (11), член 12 ставовите (1), (2) и (3), член 13 ставовите (1), (2), (7), (8) и (9)и член 14 став (3) од Уредбата за видот на активности, максималниот износ по активности, корисниците, субјектите кои учествуваат во постапката, поблиските критериуми и начинот за доделување на техничката поддршка во земјоделството и руралниот развој („Службен весник на РС Македонија“ бр. 208/19, 236/19, 53/21, 175/21, 257/21, 67/22, 81/22, 206/22 и 43/23) и дел II став (2) точка 1 потточка 1.1 од Програма за финансиска поддршка на руралниот развој за 2023 („Службен весник на РС Македонија“ бр. 43/23), Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство објавува:
Ј А В Е Н П О В И К
ЗА ПРОМОТИВНИ АКТИВНОСТИ ОД ОБЛАСТА НА ЗЕМЈОДЕЛСТВОТО И РУРАЛНИОТ РАЗВОЈ ВО РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА
I. Предмет на јавниот повик
Доставување на предлог за користење на техничка поддршка за промотивни активности од областа на земјоделството и руралниот развој за организирање на локални манифестации и саеми на територијата на РС Македонија (во понатамошниот текст: предлог за користење).
II. Корисници на техничката поддршка и субјекти кои може да учествуваат во постапката за доделување на средства за техничката помош
Корисници на техничката поддршка и субјекти кои може да учествуваат во постапката за доделување на средства за техничката помош се: здруженија од областа на земјоделството и руралниот развој, регистрирани согласно Законот за здруженија и фондации, јавни научни установи и истражувачи, согласно Законот за научно-истражувачката дејност, образовна институција или установа која ги исполнува условите, согласно Законот за високото образование(*), Законот за средното образование, Законот за стручно образование и обука и Законот за образование на возрасните, единици на локалната самоуправа, стопанските комори, основани согласно закон, задруги регистрирани согласно Законот за задругите или земјоделски задруги регистрирани согласно Законот за земјоделски задруги.
III. Поблиски критериуми и начин за доделување на техничката поддршка во земјоделството и руралниот развој
Предлогот за користење на техничка поддршка особено содржи:
- Податоци за предлагачот;
- Назив и резиме на предлогот;
- Опис на предлогот (опис на постоечки состојби, поставени цели, целни групи, активности кои ги опфаќа предлогот и очекувани резултати);
- План на активности со временска рамка за реализација на предлогот по активности и методологија за нивна реализација;
- Финансиски план на трошоците со детална спецификација на трошоци, временска рамка за нивно настанување и извори на финансирање, како и банкарска сметка на која треба да се исплати поддршката и одговорно лице за настанот;
- Изјава дека прифатливите трошоци за реализација на активноста не се финансирани од друга институција.
Кон предлогот за користење на техничка поддршка се приложуваат и следните документи:
- Тековна состојба од Централен регистар на РС Македонија;
- Препораки или други докази за претходна имплементација на сродни предлози;
- Доказ од Централен регистар на РС Македонија дека не е поведена стечајна и ликвидациона постапка;
- Доказ од Управа за јавни приходи за платени даноци и други јавни давачки и
- За здруженија и стопански комори: годишна програма за работа со вклучени активности од предлогот за користење, усвоена согласно Статутот.
IV. Доставување на предлогот за користење на техничка поддршка
Предлогот се доставува во еден оригинален примерок напишан на сопствен меморандум, потпишан и заверен со печат од корисникот на техничката поддршка. Еден ист корисник не може да се појави како основач и/или овластено лице во други предлози за учествуво во постапката за користење на техничка поддршка за промотивни активности од областа на земјоделството и руралниот развој за организирање на локални манифестации и саеми на територијата на РС Македонија. Јавниот повик трае 30 дена од денот на објавувањето на веб страната на Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство.
Предлози доставени после рокот за поднесување и предлози со не комплетна документација, нема да бидат предмет на понатамошна постапка на разгледување и истите ќе бидат одбиени.
Предлозите се доставуваат до архивата на Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство, ул. „Аминта III“ број 2, 1000 Скопје, со назнака Сектор за рурален развој.
V. Прифатливи трошоци за поддршката
Прифатливи трошоци за поддршката за промотивни активности од областа на земјоделството и руралниот развој за организирање на локални манифестации и саеми на територијата на Р С Македонија се за:
- закуп на простор;
- изнајмување на штандови и/или бина;
- изнајмување на опрема (аудио и видео опрема, озвучување и осветлување, маси, столици, шатори/пагоди);
- огласување во печатени и електронски медиуми (закуп на медиумски простор) и
- набавка на промотивен материјал (покани, постери, летоци/флаери, банери, брошури, публикации, каталог, зборник, видео или аудио реклама).
VI. Постапка за избор на корисници
Постапката за избор на корисници по јавниот повик ја спроведува комисија формирана од страна на министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, која составува записник за отварање на поднесени предлози, врши евалуација на предлозите за користење и доставува предлог за избор на корисници со висината на одобрената поддршка по корисници до министерот.
Изборот на предлозите ќе се изврши врз основа на евалуација на исполнување на следните критериуми со бодови:
|
Критериум
|
Бод
|
1
|
Реални и применливи резултати со брзи ефекти насочени кон остварување на дефинираните стратешки цели за развој на земјоделството
|
30
|
2
|
Одржливост по реализација на поддршката
|
25
|
3
|
Директно и индиректно влијание на поголем број субјекти во областа на земјоделството
|
15
|
4
|
Сопствено или учество од други извори на финансирање
|
15
|
5
|
Здружување на корисниците на поддршка, јавно-приватно партнерство или други форми на партнерство со поголем број на корисници
|
10
|
6
|
Претходно искуство во реализација на активностите од значење за целната група на крајни корисници на поддршка
|
5
|
Како прифатливи предлози се предлозите кои по изборот од страна на комисијата ќе освојат повеќе од 50 бода.
Врз основа на доставениот предлог за избор на корисници од комисијата, министерот донесува одлука за избор на корисници.
Висината на техничката поддршка ќе биде утврдена врз основа на склучен договор од страна на министерот и избраниот корисник.
VII. Начин на доделување на техничката поддршка
Министерството со јавниот повик објавува детално упатство за изработка на предлогот и распоред на работилници за информирање за спроведување на мерката кон потенцијалните корисници.
Техничката поддршка се реализира по потпишување договорот.
Висината на поддршката изнесува 100% од прифатливите трошоци, а остатокот од потребните средства кои го надминуваат максималниот износ на поддршката по корисник се на товар на барателот.
Максималниот износ на поддршката по корисник, согласно средствата обезбедени во програмата за финансиска поддршка на руралниот развој изнесува 120.000 денари.
Исплатата на техничката поддршка се врши по потпишување на договорот во износ од 100% од одобрената сума, но не повеќе од максималниот износ и во согласност со одобрените средства во програмата за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој, а се до исцрпување на средства предвидени во дел II став (2) точка 1 потточка 1.1 од Програма за финансиска поддршка на руралниот развој за 2023 („Службен весник на РС Македонија“ 43/22 ).
Корисниците на техничката поддршка треба во рок од 30 дена по завршување на активноста да достават извештај за реализираната активност до Министерството кој треба да содржи:
- пропратно писмо со листа на документи кои се доставуваат;
- наративен опис на реализираната активност;
- реализирани финансиски средства со докази (фактури или договор помеѓу организаторот и изнајмувач на опрема со спецификација, испратница, работен налог, извод од банка) и
- доказ дека се оддржала манифестацијата/саемот (фотографии).
VIII. Прилози на јавниот повик
За подготовка на предлогот за користење, Министерството на веб страната www.mzsv.gov.mk објавува детално Упатство за изработка на предлогот и распоред на работилници за информирање за спроведување на мерката кон потенцијалните корисници.
Организаторот на манифестацијата/саемот е должен покрај логото на нивната институција да биде истакнато и логото на Министерството за земјоделство шумарство и водостопанство.
Дополнителни информации може да се добијат во Министерството за земјоделство шумарство и водостопанство на телефон 02/ 3134477 локал 204 или на веб страната на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство www.mzsv.gov.mk