МЗШВ: Реализирана првата авансна исплата на субвенциите, исплатени 123,2 милиони денари кон 9.563 овоштари

30.12.2022 13:30:00


Даденото ветување пред земјоделците за авансна исплата на субвенциите го исполнивме. Реализирана е првата авансна исплата во висина од 123,2 милиони денари и веќе деновиве 9.563 овоштари на своите сметки ќе ја добијат првата авансно исплатена субвенција во висина од 12.000 денари по хектар.  

Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој ја изврши исплатата за финансиската поддршка од мерката 1.7 – директни плаќања по обработлива земјоделска површина за оддржување на постоечки овошни насади. Како корисници на оваа подмерка се јавуваат сите земјоделски стопанства штп имаат минумум 0,2 ха површина со постоечки овошни насади и се регистрирани во ЕРЗС.

Авансната исплата на субвенциите е нова мерка која за прв пат ја имплементираме оваа година, преку 30% авансна исплата на субвенциите за овоштарите. Веќе од следната 2023 година авансната исплата продолжува кон сите земјоделци. На овој начин овозможуваме навремена и побрза финансиска поддршка за земјоделците.

 

Share


Пон
Вто
Сре
Чет
Пет
Саб
Нед

Одберете датум

Јавни огласи и повици