Врз основа на член 21-a став 1 од Законот за земјоделското земјиште („Службен весник на Република Македонија“ бр.135/07, 18/11, 148/11, 95/12, 79/13, 87/13 106/13, 164/13, 39/14, 130/14, 166/14, 72/15, 98/15, 154/15, 215/15, 7/16, 39/16 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.161/19 и 178/21), а по претходно добиена согласност од Владата на Република Северна Македонија и донесена Одлука за давање на согласност на Јавен оглас бр.01/22 за давање во закуп на земјоделско земјиште во државна сопственост за површини над 3 хектари („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.97/22), министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, распишува ЈАВЕН ОГЛАС бр.01/22 за давање во закуп на земјоделско земјиште во државна сопственост за површини над 3 хектари по пат на електронско јавно наддавање. Повеќе за огласот, деталите, начините и критериумите за аплицирање може да ги прочитате во документите во прилог.
Почитувани на ден 11.05.2022 година во 09 часот во просториите на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство во големата сала ќе има јавно отварање на Јавниот оглас 01/22.