Исплатени 111.581.789 денари за субвенции за произведено и предадено млеко за 5.664 корисници

07.04.2022 15:10:00


Денеска на сметките на 5664 млекопроизводители, Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој  исплати вкупно 111.581.789 денари за произведено и предадено млеко .

Станува збор за исплата на средства од мерката 2.3 - директни плаќања за произведено и предадено кравјо, козјо и овчо млеко.

Корисници на оваа финансиска поддршка се производителите на кравјо , овчо и козјо млеко кои сопственото производство го имаат предадено на регистриран откупувач за сирово млеко во периодот од октомври – декември 2020 година.

Сточарите кои имаат произведено кравјо млеко добиваат финансиска поддршка од 3,5 денари по предаден литар млеко додека 4,5 денари по литар добиваат сточарите кои произвеле и предале овчо и козјо млеко на преработувачки капацитети.

Продолжуваме со финансиската поддршка во млекопроизводството како државен стимул за постигнување на повисока откупна цена и оддржување на благосостојбата во сточарството како сектор кој има голем удел во земјоделството и македонската економија.

 

Share


Пон
Вто
Сре
Чет
Пет
Саб
Нед

Одберете датум