Министрите Хоџа и Нуредини на работна средба во Анкара: Создаваме можности за нови инвестиции и соработка во областа на одржливо управување со водни ресурси, заштита и искористување на шумскиот потенцијал

20.01.2021 15:00:00


Владина делегација предводена од министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Арјанит Хоџа и министерот за животна средина и просторно планирање, Насер Нуредини денеска во Анкара оствари работна средба со министерот за земјоделство и шумарство на Република Турција, Беким Пакдемирли.

Во рамки на посетата беа потпишани два меморандуми за соработка помеѓу Владата на Северна Македонија и Турција во областа на водостопанството и шумарството, како и Договор за соработка во областа на ветеринарната политика и безбедност на храна.

Двете земји во областа на водостопанството ќе соработуваат во насока на одржливо управување со водни ресурси, прилагодување кон климатските промени и создавање можности за нови инвестиции, и преку спроведување на заеднички проекти ќе придонесат кон заштита и искористување на шумскиот потенцијал. Со стекнатиот Договор за безбедност на храната се регулираат надлежностите и обврските на двете земји од аспект на увоз, извоз и транзит на храна и животни, со цел исполнување на стандардите за безбедност и релевантната законска регулатива.

На средбата министрите Хоџа и Нуредини потенцираа дека и во услови на светска пандемија трговската размена во 2020 година помеѓу Северна Македонија и Турција бележеше тренд на зголемување, што претставува добра основа за понатамошно јакнење на севкупните економски односи меѓу двете земји.

Турскиот министер Пакдемирли подвлече дека Република Турција останува верен поддржувач на севкупниот развој на Република Северна Македонија и дека со потпишаните документи се утврдува взаемниот интерес и рамката на нови значајни области и форми за продлабочување на соработката.

Денешната средба е потврда за подготвеноста на двете пријателски земји да го засилат интензитетот на соработката и размената на искуства помеѓу институциите, да го поттикнат интересот на приватниот сектор за долгорочни вложувања во стратешки партнерства за одржлив развој.

Share


Пон
Вто
Сре
Чет
Пет
Саб
Нед

Одберете датум

Јавни огласи и повици