Управа за водостопанство

Директор: Ромео Тренов

е-маил:

тел: 

Управата за водостопанство е орган во состав на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, надлежен за активностите и дејностите на изградба, користење, експлоатација и одржување на хидросистемите, хидромелиоративните системи и системите за наводнување и одводнување.

Управата за водостопанство е надлежна за креирање на политики, планирање на развојот на водостопанската дејност за наводнување и одводнување, реализација на проекти за изградба, реконструкција и модернизација на водостопански објекти и стручен надзор над работењето на вршителите на водостопанската дејност за наводнување и одводнување.

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство преку Управата за водостопанство е надлежен орган за споведување на Законот за водостопанство (Службен весник на РМ бр.51/15, 193/15 и 189/16) .

Во рамките на своите надлежности Управата за водостопанство ги врши следните активности:

- Изготвување на предлог закони и други прописи;

- Планирање на развојот на водостопанство – наводнување и одводнување преку изработка на плански и развојни документи за изградба, реконструкција и модернизација на системите за наводнување и одводнување;

- Анализа на искористување на водите и водостопанските објекти за наводнување;

- Изготвување на програми за финансирање на одржување, изградба, реконструкција, модернизација на водостопанските објекти и инфраструктура за наводнување и одводнување;

- Реализација на проекти и инвестиции за изградба, реконструкција и модернизација на водостопански објекти за наводнување и одводнување финансирани од буџетски средства, преку Програмата за водостопанство како што се:

Изградба на брана Конско

Изградба на брана Речани

Изградба на ХМС Равен-Речица

Изградба на систем за наводнување Колибари

Реконструкција на систем за наводнување Дебарско Поле

Реконструкција на канал за наводнување Зајас

Изработка на техничка документација за брана “Слупчанска Река“’

Изработка на техничка документација за мал систем за наводнување во Општина Сарај

Изработка на геодетски елаборати за геодетски работи за посебни намени за запишување на водостопанските објекти за наводнување и одводнување во катастарот за инфраструктурни објекти во Агенцијата за катастар на недвижности;

- Координирање на работите на реализација на проекти од областа на водостопанство - наводнување и одводнување финансирани од меѓународни финансиски институции како што се:

Програма за наводнување на Јужна долина на Вардар

Програма за наводнување на Северна Македонија, што опфаќа изградба на 4 системи за наводнување (Лисиче, Страиште, Конско и Пепелиште).

Проект “Мали, нискотрошковни, еколошки прифатливи системи за наводнување, финансиран од Инструментот за претпристапна помош на Европската комисија, што опфаќа изградба на 7 мали системи за наводнување (Славишко Поле, Чаушица, Теарце, Пишица, Конопница, Сопот и Новаци);

- Учествo во работата на работни групи во рамките на билатерална и мултилатерална соработка од областа на водостопанството;

- Учество во работата на меѓуресорски групи од областа на управување со водите;

- Учество во работа на меѓусекторски групи во министерството;

- Стручен надзор над работењето на АД Водостопанство, согласно  надлежностите кои произлегуваат од Законот за водостопанство; и

- Изготвување информации, извештаи, анализи, мислења и други документи поврзани со управување на водите.

За спроведување на надлежности работењето на Управата за водостопанство е организирано во 3 сектори:

1.Сектор за планирање и развој на водостопанството

- Одделение за анализа и планирање на водостопанството

- Одделение за развој на водостопанството

2. Сектор за користење на водите и водостопанските објекти

- Одделение за користење на водите и водостопанските објекти

- Одделение за водостопанства и водни заедници

3. Сектор за инвестиции и управување со проекти

- Одделение за инвестиции

- Одделение за следење на проекти

 

 

 

 


Пон
Вто
Сре
Чет
Пет
Саб
Нед

Одберете датум

Јавни огласи и повици