Директор на Државен инспекторат за шумарство и ловство: Џемаил Јусуфи
Е-маил адреса:xhemail.jusufi@disl.gov.mk
Државниот инспекторат за шумарство и ловство, врз основа на Законот за шумарска и ловна инспекција, врши инспекциски надзор над спроведувањето и примената на законите и другите прописи од страна на државните органи, јавните претпријатија, трговските друштва, установите, здруженијата на граѓани, правни и физички лица кои вршат дејност од областа на шумарството и ловството.
Со Законот за шумарска и ловна инспекција, се уредуват начелата на инспекцискиот надзор, надлежностите, организацијата на инспекцијата, положбата, правата и должностите на инспекторите, постапките на инспекцискиот надзор и други прашања поврзани со инспекцискиот надзор.
Со Законот за забрана и спречување на вршење на нерегистрирана дејност, се уредува што се смета за вршење на нерегистрирана дејност, исклучоците за тоа што не се смета за вршење на нерегистрирана дејност, соучесниците во вршењето на нерегистрирана дејност, надлежните органи за постапување при спречување и заштита од појавата на нерегистрирана дејност, инспекциски надзор над спроведувањето на овој закон, управните мерки за заштита, како и прекршочните одредби.
Работите од надлежност на шумарската и ловната инспекција се вршат преку Државниот инспекторат за шумарство и ловство , како орган во состав на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, со својство на правно лице, има сопствена буџетска сметка како буџетски корисник од прва линија, самостојно спроведува постапки за вработување и одлучува за правата и обврските од работен однос, согласно со законот.
Инспекторот е должен работите да ги врши совесно, стручно, ефикасно, уредно, навремено, политички неутрално и непристрасно.
Инспекторот е должен постојано да се оспособува за вршење на своите задачи во согласност со програмата за обука која ја донесува директорот на Инспекторатот.
Инспекторот не смее да врши работи, односно не смее да ги врши работите за друг работодавач од подрачјето на кое ги врши работите на инспекцискиот надзор, освен ако се работи за научна или едукативна дејност.
Инспекторот е должен да ја чува тајната со која се запознал при вршење на задачите од инспекцискиот надзор.
Инспекторот е должен да ја чува тајната за изворот на пријавата и изворот на други информации врз основа на кои го врши инспекцискиот надзор.
Спроведување и примена на законите и другите прописи од страна на државните органи, јавните претпријатија, трговските друштва, установите и здруженијата на граѓани, правни и физички лица кои вршат дејност од областа на шумарството и ловството.
Инспекторите се самостојни во вршење на задачите од инспекцискиот надзор во рамките на своите овластувања.
Инспекторите ги вршат задачите на инспекцискиот надзор со цел за заштитување на јавниот интерес, како и интересите на правните и физичките лица.
Инспекторите ја известуваат ја јавноста, за важноста за преземените мерки, доколку тоа е потребно да се заштитат правата на правните и физичките лица и во случај кога е потребно за обезбедување на почитување на правниот ред.
Инспекторите мора да ги вршат своите задачи така што при вршење на своите овластувања навлегуваат во работата на правните и физичките лица само во обем кој е неопходен за обезбедување на ефикасен инспекциски надзор.
При изборот на мерките, инспекторот ја зема предвид тежината на прекршувањето, изречува мерка која е поповолна за правното или физичкото лице кај кое инспекторот врши надзор доколку со тоа е постигната целта на прописот.
При одредувањето на рокот за отстранување на неправилностите и незаконитостите, инспекторот ја има во предвид тежината на прекршувањето, последиците за јавниот интерес и околностите од кои зависи за кое време лицето е должно да ги отстрани неправилностите.
Инспекциските надзори од страна на државните инспектори од областа на шумарството и ловството се со цел за постигнување на следните цели:
1. Tрајно да се сочува површината под шума, да се зголеми нивната вредност и да се обезбеди најголем прираст според природните услови на месторастењето и да се обезбеди одржливо управување, планирање, стопанисување со шумите и чување на шумите и шумското земјиште на начин и во обем со кој трајно се одржува и унапредува нивната производна способност, биолошка разновидност, способност за обнова и виталност во интерес на сегашниот и идниот развој на економските, еколошките и социјалните функции на шумата, притоа да не се наруши екосистемот.
2. Одгледување, заштита, ловење и користење на дивечот и неговите делови.
3. Признавањето на основниот материјал,производството, прометот и употребата на репродуктивниот материјал одшумски и декоративни видови дрвја.
4. Спречување и заштита завршење на нерегистрирана дејност на правни и физички лица.