Сектор за регистрирање, управување, унапредување и продажба на земјоделско земјиште во државна сопст
СЕКТОР ЗА РЕГИСТРИРАЊЕ, УПРАВУВАЊЕ, УНАПРЕДУВАЊЕ И ПРОДАЖБА НА ЗЕМЈОДЕЛСКО ЗЕМЈИШТЕ ВО ДРЖАВНА СОПСТВЕНОСТ
Сектор за регистрирање, управување, унапредување и продажба на земјоделско земјиште во државна сопственост ги има следниве надлежности:
-Подготовка на мислења и анализи за прашања поврзани со одредени политики и со остварувањето на програмата за работа на секторот
-Иницира решавање на одделни прашања и проблеми од областа на регистрирање, управување, унапредување и продажба на земјоделско земјиште во државна сопственост,
- Соработка со другите раководители на сектори во органот, како и со раководителите на сектори од другите органи, за прашања од делокруг на секторот,
-Учество во работата на работните тела на Собранието на Република Македонија и Владата на Република Македонија, кога за тоа е овластен,
-Непосредна контрола и надзор над спроведување на законските одредби, во однос на подготовка на земјоделското земјиште за огласување за давање во закуп, потребната документација, склучувањето на договорите за закуп, раскинување на договорите за закуп, склучување на договори за плодоуживање во корист на одредени категории, социјално необезбедени лица,
-Непосредна контрола над спроведување на законските одредби за времената и трајната пренамена со која земјоделско земјиште преминува во градежно, пренамената на земјоделското земјиште и од аспект на изградба на објекти на земјоделско земјиште, за земјоделско производство и друго согласно одредбите од законската регулатива од областа на земјоделското земјиште, како и од областа на законската регулатива за продажба на земјоделско земјиште во државна сопственост.
Сектор за регистрирање, управување, унапредување и продажба на земјоделско земјиште во државна сопственост е составен од четири одделенија:
- Одделение за регистрирање на земјоделско земјиште во државна сопственост
- Одделениe за управување со земјоделско земјиште во државна сопственост
- Одделение за унапредување на земјоделско земјиште во државна сопственост
- Одделениe за продажба на земјоделско земјиште во државна сопственост
Сектор за управување со претпристапни фондови на ЕУ за рурален развој (ИПАРД)
Секторот за управување со претпристапни фондови на ЕУ за рурален развој (ИПАРД) ги врши и спроведува функциите на Тело за управување со ИПАРД, односно ги координира и спроведува работите и активностите за ефикасно и ефективно управување со инструментот за претпристапна помош на ЕУ наменет за рурален развој (ИПАРД) согласно одредбите од склучените договори помеѓу Република Северна Македонија и ЕУ.
Секторот за управување со претпристапни фондови на ЕУ за рурален развој (ИПАРД) е составен од четири одделенија:
- Одделение за програмирање и проценка на ИПАРД фондовите
- Одделение за следење на спроведувањето на ИПАРД фондови и известување
- Одделение за спроведување на техничка помош од ИПАРД фондови
- Одделение за координација на агро-еколошки мерки и „ЛЕАДЕР“ од ИПАРД фондови
Сектор за внатрешна ревизија - независна единица
СЕКТОР ЗА ВНАТРЕШНА РЕВИЗИЈА - НЕЗАВИСНА ЕДИНИЦА
- Одделение за ревизија на регуларност, ИТ ревизија и ревизија на системите за внатрешна контрола
- Одделение за финансиска ревизија и ревизија на успешноста во работењето
- Одделение за ревизија на ИПА структурата и други странски фондови
Сектор за финансиски прашања
СЕКТОР ЗА ФИНАНСИСКИ ПРАШАЊА
Секторoт врши работи и работни задачи од областа на финансиите, како што се: подготовка и изготвување на буџет, контрола врз реализацијата на финансиите, сметководствени услуги и изготвување и контрола на јавните набавки.
Главни задачите, обврските и активности на секторот за финасиски прашања се:
- координација на процесот за подготвување и изменување и дополнување на буџетот и стратешкиот план на субјектот, контролата на извршување на буџетот, сметководствените работи како и целокупниот процес на јавните набавки. Кооординација на добиените финансиски и други извештаи од областа на буџетското и финансиското работење и ги доставува до надлежните органи;
- тековно конфирмирање на буџетските трошења на организационите единици на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство;
- задолжително дава мислења по предлог актите што ги изготвуваат другите организациони единици во субјектот и предлог актите на други субјекти кои имаат или може да имаат финансиски импликации за буџетот на субјектот врз основа на мислењето на Одделението за буџетска координација и стратешко планирање;
- следење на реализацијата на договорите за јавните набавки и спроведува ex ante и ex post финансиска контрола - вршење документирана контрола на комплетноста и исправноста на целокупната документација (фактури, порачки, испратници, работни налози, приемници и друго и нивна усогласеност со договорот за јавни набавки)
-контрола над сметководствените постапки, изготвувањето на годишни, квартални и месечни финансиски планови за буџетот на субјектот и неговите органи во состави и единки корисници согласно законските прописи како и ex ante сметководствена контрола на целокупната документација пред да се изврши плаќањето согласно пишаните процедури за сметководствените процеси;
-контрола и следење на извршувањето на годишниот план за јавни набавки, подготовка на решенија/одлуки за јавна набавка и договори и барања согласности за јавни набавки, подготовка на огласи за јавни набавки и тендерска документација, водење евиденции на јавните набавки што се вршат во субјектот по видови на постапки и евиденции на другите набавки по видови изготвување договори за јавните набавки координација, изготвување и следење на реализцијата на порачките согласно склучените договори за јавни набавки.
Секторот за финасиски прашања е составен од четири одделенија:
- Одделение за буџетска координација
- Одделение за буџетска контрола
- Одделение за сметководство и плаќања
- Одделение за јавни набавки
Сектор за прекршоци
СЕКТОР ЗА ПРЕКРШОЦИ
Се грижи за навремено и ажурно постапување по поднесените предлози за поведување на прекршочна постапка, ја организира и координира работата на комисиите, организира состаноци на комисиите за разгледување и за завземање на заеднички насоки за постапување по прекршоците, се грижи за обезбедување на услови и материјали за работата на комисиите и за водење евиденција на прекршочните санкции и воспоставување на база на податоци за извршувањето на прекршоците.
Секторот е составен од две одделенија:
- Одделение за прекршочна постапка
- Одделение за следење и извршување на прекршоците
Сектор за нормативно правни работи
СЕКТОР ЗА НОРМАТИВНО ПРАВНИ РАБОТИ
Врши студиско аналитички и нормативно правни работи, управно-правни, развојни и стручно оперативни, институционално тековни работи кои произлегуваат од надлежноста на Министерството, а се однесува на:
- учество во изработка на националната регулатива од надлежност на министерството,
- дава мислење по закони и други општи акти од надлежност на другите органи на државната управа,
- изработува општи акти во Министерството,
- изработува и учествува во изработката на одговори на пратенички прашања, подготвува и дава предлог мислења по соодветна правна проблематика по барање на Собранието и Владата на Република Македонија,
- стручно помага за прашања кои се од значење за примената на прописите од надлежност на Министерството,
- подготвува брања до Државното правобранителство за покренување постапки за остварувње на права на министерството,
- води управни постапки и донесува решенија,
- дава одговори на тужби во соработка со соодветните сектори/органи по заведени управни спорови,
- подготвува одговори и доказен материјал за судовите и Државното правобранителство во соработка со соодветните сектори/ органи во Министерството,
- учествува во изработување на Програмата за работа на Министерството и Стратешкиот план на Министерството,
- континуирано ги следи прописите во врска со уредувањето на прашањата од надлежност на министерството.
Секторот за нормативно правни работи е составен од две одделнија:
- Одделение за нормативно-правни работи
- Одделение за управни постапки
Сектор за човечки ресурси
СЕКТОР ЗА ЧОВЕЧКИ РЕСУРСИ
Сектор за човечки ресурси:
- врши најсложени работи, врши непосредна контрола и надзор над извршувањето на работите
- ги распоредува работите и задачите на раководителите на одделениjата им дава упатства и потребна стручна помош во изготвувањето на материјалите
- се грижи за уредноста и ажурноста во работата на секторот и изготвува концепти за унапредувањето и организацијата на одделениjата
- го следи текот на извршувањето на работите
- одговара за навремено, законито и квалитетно вршење на работите и задачите од делокругот на секторот
- непосредно работи на најсложени работи во секторот
- jа поди тековната преписка, предлага ставови по начелни системски прашања
- иницира решавање на одделни прашања
- учествува во работата на телата на Владата
- организира и остварува соработка со другите органи во министерството и надвор од него
- се грижи за стручно усовршување и работна дисциплина на вработените
- врши анализа, оценување и преоценување на прашања кон се појавуваат и ја координира изработката на актот за систематизација на Министерството за земіоделство, шумарство и водостопанство
Секторот за човечки ресурси е составен од две одделенија:
- Одделение за развој на човечки ресурси
- Одделение за кадрови работи и персонална евиденција
Сектор за анализа на земјоделска политика
СЕКТОР ЗА АНАЛИЗА НА ЗЕМЈОДЕЛСКА ПОЛИТИКА
Основна задача на Секторот за анализа на земјоделска политика е евидентирање на земјоделските стопанства, собирање, обработка и анализа на земјоделската статистика, земјоделските пазари, следење на реализацијата на земјоделските политики, мерките и активностите во областа на земјоделството и руралниот развој, како и одржување на функционален ФАДН систем.
Изработува и објавува годишни извештаи за земјоделство, земјоделски пазарен информативен систем, запишани земјоделски стопанства во ЕРЗС (ФАРМ регистар).
Има надлежност за одржување на функционален систем на мрежа за прибирање на сметководствени податоци од земјоделски стопанства (ФАДН) и економска анализа на земјоделските стопанства кои се вклучени во репрезентативниот примерок на мрежата на сметководствени податоци од земјоделски стопанства.
Изработува анализи за спроведени и тековни земјоделски политики, следење на спроведувањето на индикаторите од Националната Стратегија за земјоделство и рурален развој и Годишните Програми за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој.
Во рамки на одделението за земјоделски пазарен информативен систен има надлежност за одржување на функционална мрежа и веб страница (www.zpis.gov.mk) на земјоделско пазарен информативен систем (ЗПИС).
Секторот за анализа на земјоделска политика е составен од четири одделенија:
- Одделение за анализа на земјоделска политика
- Одделение за единствен регистар на земјоделски стопанства
- Одделение за следење на пазари на земјоделско прехрамбени производи
- Одделение за сметководствени податоци од земјоделски стопанства
Сектор за координација и техничка помош на кабинет на министер
СЕКТОР ЗА КООРДИНАЦИЈА И ТЕХНИЧКА ПОМОШ НА КАБИНЕТ НА МИНИСТЕР
Основни надлежности на секторот за координација и техничка помош на кабинет на министер се:
-организирање на средби и патувања на министерот во земјата и странство,
-прима странки и во договор со министерот контактира со разни органи и организации и други субјекти,
-ги извршува работите и задачите што се однесуваат на информирањето на активностите на министерот од делокругот на министерството и органите во состав,
-изготвува годишен извештај за работата на секторот и годишна програма за работа и се грижи за нивна реализација,
-остварува редовна соработка со другите раководители на сектори и разменува информации и искуства за доследна примена на законските прописи
Секторот за координација и техничка помош на кабинет на министер е составен од две одделенија:
- Одделение - кабинет на министерот
- Одделение за односи со јавност
Сектор за меѓународна соработка
СЕКТОР ЗА МЕЃУНАРОДНА СОРАБОТКА
Основна задача на Секторот за меѓународната соработка е да ја организира, насочува и координира работата во рамките на меѓународната и трговската соработка, преку:
- координација на мултилатерална и билатерална соработка во доменот на земјоделството, во функција на развој на секторите во надлежност на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство,
- следење на трговската политика и трговската размена на земјоделско -прехранбените производи и реализирање на обврските согласно договорите кои ги регулираат трговските односи на Република Северна Македонија во земјоделско - прехранбениот сектор.
- тековно изготвување на информации за билатералната и мултилатерална соработка, кои вклучуваат анализа на трговската соработка врз основа на статистички податоци за размената на земјоделско-прехранбени производи со земјите во светот.
Во рамки на своите надлежности, Секторот за меѓународна соработка континуирано работи на натамошно унапредување во билатералната и мултилатералната соработка во доменот на змјоделството, и зголемување на трговската размена со земјоделско-прехранбени производи, како и на имплементација на потпишани Договори и Меморандуми за соработка на билатерално и мултилатерално ниво, меѓу кои особен акцент е ставен на имплементација на Програмската рамка на Организацијата за храна и земјоделство на Обединетите Нации ( ФАО ) за Република Северна Македонија 2021– 2025, на Договорот за слободна трговија во рамки на ЦЕФТА, потпишан во 2006 година, на Иницијативата Отворен Балкан, како и на реализација на обврските коишто произлегуваат од членството на Република Северна Македонија во Светската Трговска Организација, соработка со Светска Банка и со Меѓународната финансиска корпорација – IFC, и иницира и подготвува Меморандуми/Договори/ Спогодби за соработка во доменот на земјоделството со држави со кои Република Северна Македонија има недоволна соработка во оваа област.
Секторот за меѓународна соработка е составен од три одделенија:
- Одделение за соработка со мултилатерални донатори
- Одделение за трговска политика
- Одделение за соработка со билателарни донатори
Сектор за ЕУ
СЕКТОР ЗА ЕУ
Секторот за Европска унија ја реализира и координира работата во сите аспекти на процесот на ЕУ интеграција – спроведување, следење и проценка на процесот на ЕУ интеграција, размена и дистрибуција на податоци поврзани со ЕУ база на законски проекти и останати релевантни документи, како и програмирање, реализација, следење и проценка на ИПА помошта.
НПАА - ПРЕГЛЕД НА АКТИВНОСТИ
ЕВРОИНТЕГРАЦИЈА
1. Годишни извештаи на ЕК за напредокот на Република Северна Македонија во процесот на пристапување во ЕУ
- подготовка на преглед на обврски и активности врз основа на одредбите од Годишните извештаи, следење на нивната реализација и неделно ажурирање на активности и во рамките на Прегледот на обврски од евроинтегративниот процес во областа на земјоделството и руралниот развој, како и во Матрица за следење на Националната програма за усвојување на правото на ЕУ (НПАА).
- подготовка на Придонес на Република Северна Македонија кон Извештајот на ЕК за напредокот
- учество на секторот во работата на Работниот Комитет за Европска Интеграција и Работниот Поткомитет за Европска Интеграција.
2. Спогодбата за стабилизација и асоцијација со Европските заедници и нивните земји-членки (ССА)
- подготовка на материјали за состанок на Поткомитетот за земјоделство и рибарство;
- реализација на активности/обврски по реализацијата состанокот на Поткомитетот за земјоделство и рибарство;
- учество во подготовката на работата на состаноците на Комитетот за стабилизација и асоцијација.
3. Националната програма за усвојување на правото на ЕУ - НПАА (Поглавје 11 - Земјоделство и рурален развој и Поглавје 13 - Рибарство)
- ажурирање на НПАА со вметнување на обврските во истата, кои произлегуваат од сите стратешки документи за евроинтегративниот процес во координација и соработка со останатите надлежни сектори во МЗШВ, односно подготовка на: НПАА - Наративен дел; НПАА - Матрица на цели и активности и Прегледи на национални правни акти кои се усогласуваат со ЕУ; НПАА - Преглед на потребното кадровско зајакнување; НПАА - Преглед на потребни буџетски средства и НПАА - Преглед на тековна и планирана странска помош.
- учество во Работни групи од повеќе Поглавја во подготовката на НПАА.
Други активности позврзани со евроинтегративниот процес
Во рамките на своите активности Секторот за ЕУ е задолжен и за следење на трговската политика помеѓу Република Северна Македонија и Европската унија. Покрај ова, секторот за ЕУ работи и на следење на имплементација на Договорот ЦЕФТА 2006, како и на останати прашања во доменот на трговската политика на Република Северна Македонија со земјоделско-прехранбени производи.
ИПА
ПРОГРАМИРАЊЕ НА ИПА – го опфаќа процесот на идентификување на приоритетите за финансирање преку ИПА и пишување предлог проекти за Национална програма на ИПА, веднаш откако НИПАК официјално ќе го започне циклусот на програмирање за референтниот програмски период. Првиот нацрт иницијален програмски документ со кој се идентификуваат потенцијалните приоритетни области кои треба да се поддржат со ИПА средства, се подготвува од страна на НИПАК во координација со МЗШВ и Делегацијата на Европската унија, врз основа на анализа на стратешките документи поврзани со пристапувањето кон ЕУ и сл. Се информираат релевантните сектори во рамки на институцијата и др., корисници, а кои што би можеле да имаат корист од средствата на ИПА на почетокот на новиот циклус, со цел да предложат проектни идеи/акции, согласно приоритетните области идентификувани во првиот нацрт на програмскиот документ, кои на крајот се одобруваат од релевантните надлежни органи.
ТЕХНИЧКА ИМПЛЕМЕНТАЦИЈА НА ИПА – се спроведува тендерска постапка доколку се работи за децентрализирано спроведување на проектите. Набавките се спроведуваат во согласност со ПРАГ, Прирачникот за внатрешни постапки на ЦФЦД и др. Во процесот на изработка на техничката документација, по барање на крајниот корисник, одговорното лице од секторот и одделението за ИПА се должни да обезбедат соодветна техничка поддршка. При изработка на техничка документација, крајниот корисник ги зема предвид сите релевантни коментари и препораки од НИПАК и ДЕУ.Финалните верзии од техничката документација подлежат на одобрување од крајниот корисник.Раководителот врши конечка проверка на квалитетот на техничката документација пред истата да биде доставена до ЦФЦД, а потоа до ДЕУ. Следи фаза на евалуација од Комисија за оценување,а по изборот следи потпишување на договор.Твининг договорите (децентрализирани) се спроведуваат согласноТвининг Прирачник.
Со централизираното управување, управувањето со проектите се спроведува од ДЕУ, додека крајните корисници (МЗШВ) се номинирани во РГ за учество во изработка на проектни задачи. Во овој тип на управување со проектите, ДЕУ заедно со МЗШВ одржува состаноци на месечно ниво, на високо ниво (претставници од ДЕУ и министер), вклучувајќи ги сите проектни координатори од МЗШВ задолжени за следење на проектите, раководител на сектор ЕУ и соодветните вработени лица од секторот.
ПРОЦЕДУРА ЗА МОНИТОРИНГ НА ПРОЕКТИ – децентрализирано, следењето на проектите подразбира низа проектни состаноци (по потпишување на договорот) и тоа: почетен состанок (Kick-off meeting), состаноци за напредок на договорот, состаноци на Управниот одбор, Ad hoc состаноци итн. Други активности во мониторинг на проектите се: одобрување извештаи / аутпути, Верификација на трошоци, месечните извештаи – „прочитано и одобрено“, потоа следат тримесечниот извештај , потврда за преземање, потврда за успешност и на крај завршен извештај. Централизирани – секторот за ЕУ/институцијата корисник е активно вклучена во следењето на активностите на проектот и неговото спроведување. Соработува со ДЕУ/доверени организации во активностите за мониторинг, придонесува за редовна проценка на ризиците, дискутира и спроведува или олеснува спроведување на корективните активности неопходни запостигнување на целни резултати, присуствува на состаноците на проектот итн. Специфичните ангажмани за следење на секоја акција се договорени во консултација помеѓу ДЕУ/доверени организации, крајните корисници, ИПА структурата и канцеларијата на НИПАК.
ПРЕГОВОРИ И РАТИФИКАЦИЈА НА МЕЃУНАРОДНИ ДОГОВОРИ - Согласно Законот за склучување, ратификација и извршување на меѓународни договори, Владата поведува постапка за водење на преговори и за склучување на меѓународни договори по сопствена иницијатива, по писмено барање на претседателот по акт на Собранието на Република Северна Македонија и по предлог на органот на државната управа, во чија надлежност се прашањата кои треба да се уредат. Предлогот на основите за водење на преговорите треба да ги содржи: битните елементи на договорот за кој ќе се водат преговорите и предлог на ставови кои Владата треба да ги земе во врска со тие прашања кои се задолжителни за делегацијата на Република Северна Македонија во преговорите за склучување на меѓународниот договор. Следи постапка на водење на преговорите, постапка за прифаќање и потпишување и на меѓународниот договор, постапка за ратификација на меѓународните договори и извршување на меѓународниот договор.
ПРИЕМ И РАСПРЕДЕЛУВАЊЕ НА ДОКУМЕНТИ НА НИВО НА СЕКТОР - архивирање и постапување по предмети, барања, дописи и сл, интерни и надворешни. Најчеста е комуникацијата со делегација на ЕУ и СЕП.
Дополнителни активности на секторот
Секторот за ЕУ е одговорен, свикува и одржува редовни состаноци на Секторската работна група за земјоделство и рурален развој (формирана е РГ со официјално номинирани лица од соодветни институции), на кои најчесто се разгледува и дискутира Акцискиот документ за програмирање, а вклучена е и донаторската заедница, која редовно учествува на пленарните седници.
Програмата за економски реформи 2022–2024 - ја прикажува среднорочната макроекономска и фискална рамка, како и секторските структурни реформи за промовирање на конкурентноста и растот. Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство во континуитет ги следи утврдените реформи и политики кои во наредниот период треба да се реализираат:
Мерка 19: Модернизација на постбербени технологии и процеси во трговијата со македонските земјоделски производи - Гглавната цел на мерката е зголемување на конкурентноста на земјоделството преку модернизација на постбербените технологии и процеси во трговијата со земјоделските производи и правилна имплементација на земјоделските хигиенски правила и стандарди за квалитет, соодветно управување соотпадот и заштита на животната средина. Модернизацијата ќе опфати изградба и работа на два откупни центри во општина Ресен и Струмица и една платформа за земјоделско-прехранбена трговска размена во Скопје.
Целокупниот процес на подготовка на овој документ е реализиран во целосна соработка, координација и консултации помеѓу релевантните сектори од МЗШВ и секторот за ЕУ кој ја координира нивната работа, заедно со Министерството за финансии како национален координатор.
Секторот се состои од три одделенија и тоа:
- Одделение за преговори и ЕУ интеграција
- Одделение за програмирање, реализација, следење и проценка на ИПА помошта
- Одделение за ЕУ база
Сектор за лозарство, винарство и овоштарство
СЕКТОР ЗА ЛОЗАРСТВО, ВИНАРСТВО И ОВОШТАРСТВО
Секторот за лозарство, винарство и овоштарство развива, следи и учествува во донесувањето и имплементацијата на законските прописи од областа на лозарството, винарството и овоштарството. Подготвува анализи, стручни мислења и информации од областа,учествува при изработка на различни типови на интервенции на политиките од областа. Изготвува решенија за ставање на вино во промет, решенија за упис во регистарот на производители на вино, решенија за увозници на вино, решенија за упис во регистарот на вина со заштитен географски назив, решенија за упис на откупувачи на овошје и трпезно грозје, води регистар на производители на вино, регистар на увозници на вино, регистар на вина со заштитен географски назив и на корисници на географскиот назив, регистар на откупувачи на земјоделски производи (овошје и трпезно грозје).
Секторот за лозарство, винарство и овоштарство е составен од три одделенија:
- Одделение за лозарство и лозов катастар
- Одделение за винарство
- Одделение за овоштарство
Сектор за земјоделство
СЕКТОР ЗА ЗЕМЈОДЕЛСТВО
Секторот за земјоделство е надлежен за издавање на решенија за упис во регистарот на откупувачи на жита, маслодајни семиња, тутун, градинарски култури, сурово млеко, жив добиток и мед, издавање на одобренија за производство на афион за есенска и пролетна сеидба, издавање на одобренија за сеење/садење на канабис за медицински цели, решенија за упис во евиденција на социјални и економски партнери, издавање на решенија за овластување на контролно/сертификациско тело за вршење на стручна контрола во органското земјоделско производство, издавање на решенија за одземање на овластување и бришење од евиденција на контролно/сертификациско тело за органското земјоделско производство, издавање на решенија за упис во Регистар на признати организации на одгледувачи на добиток, на одобрени одгледувалишта на пчелни матици, како и на станици за тестирање на својствата на добитокот. Исто така има надлежност во издавање на дозволи, решенија и одобренија од областа на рибарството и аквакултурата, како и во процес на давање концесии на риби.
Секторот учествува во изработка на:
- Закони и подзаконски акти од областа на растителното и сточарското производство,
- Програма за финансиска поддршка во земјоделството и Уредба за поблиските критериуми за директните плаќања, корисниците на средствата, максималните износи и начинот на директните плаќања
- Програма за финансиска поддршка во рибарството и аквакултурата
- Програма за финансиска поддршка во органското земјоделско производство
- Програма за заштита на биолошката разновидност во сточарството (седумгодишна програма)
-Заедничка основна програма за одгледување на добиток-ЗОПОД (десетгодишна програма)
Секторот е составен од пет одделенија:
- Одделение за поледелство
- Одделение за органско производство
- Одделение за градинарство
- Одделение за сточарство
- Одделение за рибарство и аквакултура
Сектор за маркетинг и квалитет на земјоделски производи
СЕКТОР ЗА МАРКЕТИНГ И КВАЛИТЕТ НА ЗЕМЈОДЕЛСКИ ПРОИЗВОДИ
Секторот за маркетинг и квалитет на земјоделски производи ги има следните надлежности:
- издавање на контролни маркици за одбележување на брашното кое се става во промет
- регистрација на заштитени ознаки за квалитет (ознака за потѕекло, географска опзнака и ознака за гарантиоран традиционален специјалитет)
- воспоставување на национална законска легислатива за минимални стандарди за квалитет на поедини категории на земјоделски производи и нивно усогласување со законодавството на Европската Унија
- овластување на лаборатории за анализа на квалитетот на земјоделските производи
- промоција на македонските земјоделски производи на интернационалните пазари преку организација и учество на саеми и други промотивни настани и манифестации.
Сектор за маркетинг и квалитет на земјоделски производи е составен од три одделенија:
- Одделение за стандарди и квалитет на земјоделски производи
- Одделение за маркетинг на земјоделски производи
- Одделение за економско здружување на земјоделски производители
Сектор за шумарство и ловство
СЕКТОР ЗА ШУМАРСТВО И ЛОВСТВО
Секторот за шумарство и ловство ги има следниве надлежности:
- ја утврдува среднорочната и долгорочната политика за развој на шумарството и ловството,
- учествува во изготвувањето на законите и подзаконските акти во врска со управувањето и стопанисувањето со шумите и со дивечот и со производство и трговија со репродуктивен материјал од шумски видови дрвја,
- учествува во изготвување на стратешки планови и буџет на Секторот,
- учествува во меѓународни проекти од областа на шумарството,
- соработува и ја координира работата со субјектите што стопанисуваат со шумите и дивечот на територијата на државата,
- непосредно се грижи за развојот, користењето, заштитата и унапредувањето на шумите и на дивечот преку одобрување на посебни планови за стопанисување со шумите и посебни ловностопански основи,
- се грижи за законито, ефикасно, квалитетно и навремено извршување на работите во шумарството и ловството,
- го следи стопанисувањето со шумите во приватна сопственост,
- установува ловишта и во посебна постапка ги доделува на стопанисување,
- изготвува предлози за установување на ловиштата и во посебна постапка предлага субјекти за користење на дивечот во ловиштата,
- изготвува и до Владата доставува годишна програма за проширена репродукција на шумите и се грижи за нејзина реализација,
- решава во управна постапка по прашања од областа на шумарството и ловството,
- подготвува мислења, анализи и информации за состојбата во шумарството и ловството за потребите на Владата и Собранието на Република Македонија,
- одржува контакти со други домашни и странски органи, институции и субјекти и дава предлози и мислења за проблематиката од областа на шумарството и ловството,
- врши и други работи од својата надлежност, како и работи кои ќе му ги довери министерот.
Секторот за шумарство и ловство е составен од четири одделенија:
- Одделение за уредување и користење на шумите
- Одделение за одгледување на шумите и пошумување
Барање за извоз на техничко дрво и уплатница.doc
- Одделение за заштита на шумите од биотски и абиотски фактори
- Одделение за ловство, уредување на ловишта и давање дивеч на користење - концесија
ЗА ЕXIM корисници
Со EXIM системот се овозможува електронски да се поднесе барање за издавање на дозволи за увоз и извоз од страна на економски оператор до Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и електронско издавање на дозволите од страна на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство. Со исполнување на условите и правилата за регистрација кои се поместени на веб страната www.exim.gov.mk (линк до почетната страница на EXIM), економските оператори можат електронски преку истиот линк да поднесат барање за дозволите кои се во надлежност на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.
Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ги издава следните дозволи:
Р.Б |
Шифра |
Име на дозвола |
Постапка |
Износ на АТ ( во денари) |
Други надоместоци ДН (да/не) |
Рок на одговор (во денови) |
Рок на важност (во денови) |
Забелешка |
1 |
Е002 |
Одобрение за извоз на ореови, црешови и костенови трупци |
Извоз |
600 |
не |
15 |
90 |
нема |
1 |
Е017 |
Одобрение за извоз на трупци, огревно дрво и други производи од дрво |
Извоз |
600 |
не |
15 |
90 |
нема |
1 |
I006 |
Одобрение за увоз на репродуктивен материјал од шумски видови дрвја |
Увоз |
600 |
не |
15 |
60 |
нема |
1 |
I024 |
Барање за издавање на одобрение за увоз на производи за заштита на растенијата |
Увоз |
250 |
не |
15 |
60 |
нема |
Регулатива за примена на EXIM
a.Закон за шумите
b.Закон за репродуктивен материјал од шумски видови дрвја
c.Закон за рибарство и аквакултура
d.Одлука за распоредување на стоките на форми на увоз и извоз
e.Упатство за користење на EXIM систем за оператори за дозволите E002 и E017– Превземи
f. Упатство за користење на EXIM систем за оператори за дозволите I006 – Превземи
g. Упатство за уплата на административни такси - Превземи
Обрасци за поднесување на барања за дозвола во хартиена процедура
a. Барање за лиценца Е002 – Превземи
b. Барање за лиценца Е017 – Превземи
c. Барање за лиценца I006 – Превземи
d. Барање за лиценца I024
Статистика
a. Квартален извештај за период октомври - декември 2012 - Превземи
Корисничка поддршка
Административна поддршка
Контакт телефон: Снежана Доневска 070/409962 snezana.donevska@mzsv.gov.mk
Техничка поддршка
Фросина Тончевска, frosina.toncevska@mzsv.gov.mk
Сектор за рурален развој
СЕКТОР ЗА РУРАЛЕН РАЗВОЈ
Основни надлежности на секторот за рурален развој се спроведување на работите и активностите за следење на состојбите во руралните средини и предлагање мерки за унапредување на состојбите во согласност со законските прописи и утврдените политики од областа, предлагање мерки, активности и останати документи за поддршка на руралниот развој, изготвување и предлагање краткорочни, среднорочни и долгорочни планови за подобрување на социо-економски состојби и квалитетот на живот во руралните средини и намалување на економскиот и социјалниот диспаритетот помеѓу руралната и урбаната популација, изработување и предлагање законски и подзаконски акти за регулирање на областа во делокруг на секторот согласно процесите за евроинтеграција на Република Македонија и регулативите на ЕУ, организирање на истражувања, собирање и водење на евиденции на студии, анализи, информации и податоци во делокругот на надлежности, водење регистри и евиденции согласно закон,организирање и поддржување на работата на меѓуресорското тело за рурален развој, давање предлози за воспоставување на работни и технички тела и други тела и платформи за размена на информации за унапредување на состојбите од делокруг на секторот, давање поддршка, следење и директно соработување со секторите и управите, организирање и спроведување промотивни активности и информативни обуки од областа на делокругот на секторот, изготвување информативни извештаи и едукативни и стручни материјали од областа и грижа за објавување на истите, изготвување анализи и информации за состојбите во реализација на одредбите од Законот за земјоделски задруги, координирање на пропагандните кампањи за формирање на земјоделски задруги, прибирање и обработување податоци и статистики за следење на рурален развој во делот на земјоделските задруги за заедничко вршење на земјоделска дејност согласно однапред утврдени програми и индикатори (пример број на мали и големи земјоделски задруги евидентирани во регистерот и евиденцијата на земјоделски задруги и др.).
Секторот за рурален развој е составен од седум одделенија:
- Одделение за одржлив рурален развој
- Одделение за наука, истражување и советодавни услуги
- Одделение за политика на кредитирање во рурални средини и земјоделскиот сектор
- Одделение за поддршка на подрачја со ограничени можности за земјоделско производство
- Одделение за програмирање и проценка на ИПАРД фондовите
- Одделение за следење на спроведувањето на ИПАРД фондовите и известување
- Одделение за спроведување на техничка помош на ИПАРД фондови
Сектор за информатичка технологија
СЕКТОР ЗА ИНФОРМАТИЧКА ТЕХНОЛОГИЈА
Главна задача на секторот за информатичка технологија е управување со информатичката технологија во министерството за поддршка на функционирање на системите за евиденција на земјоделски стопанства во Единствениот регистер на фарми, Системот за идентификација на земјишни парцели, обезбедување на интегрирање на различните бази на податоци и регистри од организационите единици во министерството преку систематизиран проток, одложување и дисеминација на податоци во делот на земјоделството и руралниот развој, одржување на информатичките системи, како и менаџмент и мониторинг на заштитата на податоците и информатичките системи.
Секторот за информатичка технологија е составен од две одделенија:
- Одделение за општа информатичка инфраструктура и безбедност на информатичкиот систем
- Одделение за развој на информатички систем
Сектор за координација на подрачни единици
СЕКТОР ЗА КООРДИНАЦИЈА НА ПОДРАЧНИ ЕДИНИЦИ
Секторот за координација и организација со подрачни единици развива, следи и учествува во донесувањето и имплементацијата на законските прописи од областа на земјоделското земјиште, вршењето на земјоделска дејност,инплементацијата на програмите за дирекни плакања и програмата за рурален развој. Подготвува анализи, стручни мислења и информации од областа,учествува при изработка на различни типови на интервенции на политиките од областа.
Изготвува решенија за упис и решенија за бришење од Единствениот регистар на земјоделски стопанства,решенија за упис и решенија за бришење од регистарот на индивидуални земјоделци што го води МЗШВ.Води постапки за воведување во владение на договори за закуп на државно земјоделско земјиште,води постапки за предавање на владение на раскинати договори за закуп на државно земјоделско земјиште.
Помага во поднесувањето на електронски барања до АФПЗРР по програмите за дирекни плакања,рурален развој,интервентен фонд.Издава потврди по потреба на земјоделците за различна намена,преписка со АКН за упис и бришење на корисничко право во земјишните книги на договорите за закуп на државно земјоделско земјиште.
Секторот за координација и организација со подрачни единици е составен од две одделенија:
- Одделенија во подрачните единици
- Оделение за организација, координација и анализа на подрачните единици
Сектор за шумска полиција
СЕКТОР ЗА ШУМСКА ПОЛИЦИЈА
Секторот шумска полиција работите од својата надлежност ги извршува согласно Законот за шуми член 82 при што припадниците на шумската полиција особено се овластени да:
-ja чуваат шумата ,
-интервенираат,
-ги спречат и да ги легитимираат или да ги приведат лицата затечени во вршење на прекршоци казниви по овој закон,или кривични дела што се однесуваат на шумите или за кои постои основано сомневање дека извршиле такви дела,
- вршат преглед на сите средства со кои се превезува или пренесува дрво и други шумски производина сите места ка де што се чува дрво и други шумски производи
- вршат привремено одземање на предмети и средства со кои е извршено кривично дело или прекршок и предметите што настанале или се присвоени со извршување на такво дело
- ја следат и известуваат состојбата на шумите во врска со бесправните сечи и шумските кражби ,шумски пожари,растителни болести,шумски штетници, како и други непогоди и да ги известуваат надлежните органи за противправното присвојување на шуми и шумско земјиште, а против прекршителите покренуваат постапка пред надлежен орган.
Секторот е составен од три одделенија:
- Одделение за стручно административни работи
- Одделение за внатрешна контрола
- Одделенија во подрачните единици (шумско полициски станици)
Сектор за консолидација на земјоделско земјиште, размена и идентификација на земјишни парцели
СЕКТОР ЗА КОНСОЛИДАЦИЈА НА ЗЕМЈОДЕЛСКО ЗЕМЈИШТЕ, РАЗМЕНА И ИНДЕНТИФИКАЦИЈА НА ЗЕМЈИШНИ ПАРЦЕЛИ
Секторот за консолидација на земјоделско земјиште, размена и идентификација на земјишни парцели врши имплементирање на проекти за консолидација на земјоделско земјиште со распределба со промена на граници, како и имплементирање на проекти за консолидација на земјоделско земјиште со распределба без промена на граници, изготвување на предлог одлуки за размена на земјоделско земјиште и тековно одржување и ажурирање на СИЗП – Систем за идентификација на земјишни парцели. Секторот е составен од три одделенија:
- Одделение за размена на земјоделско земјиште
- Одделение за идентификација на земјишни парцели - СИЗП
- Одделение за земјишна банка
Одделение за стратешко планирање