ФАО
  • Поддршка за развој на Национална стратегија за обезбеденост со храната (TCP/MCD/3805/C4) 

Целта на проектот е изготвување на Преглед на нацрт рамка за Национална стратегија за обезбедност со храна 2022-2032, со посебен акцент на среднорочни и долгорочни политики за одржливото земјоделство, обезбеденост со храна, рурален развој насочени кон:

  • Елиминирање на причините за глад и сиромаштија и задоволување на потребите за исхрана на населението;
  • Обезбедување доволно производството на храна во земјата, преку одржливото земјоделско производство и зголемување на продуктивноста, како и преку подобрување на синџирите на снабдување со храна, со што ќе се намали увозната зависност на земјата во исхраната на населението;
  • Зголемување на подготвеноста на земјата ефикасно да реагира на идни кризи кои би влијаеле врз обезбеденоста со храна.

Во тесна соработка со Мрежата за рурален развој на Северна Македонија, преку консултативен и партиципативен процес, ФАО и МЗШВ работеа на собирање на потребни национални податоци за обезбеденост со храна и здрава исхрана, како и на детална анализа на релевантните национални политики. Дополнително, се спроведе институционална анкета за да се подготви предлог за воспоставување на постојан меѓу-институционален национален координативен механизам како главно државно тело во кое ќе бидат вклучени сите засегнати министерства и државни агенции кои ќе бидат одговорни за стратешкиот надзор на спроведување на националната стратегија, закони, политики и програми поврзани со обезбеденост на храната. Предвидено е нацрт рамката на Стратегијата да биде сеопфатна, со цел да ги зајакне локалните и националните системи за храна и да ги содржи сите аспекти за обезбедување храна, вклучително и цели, временска рамка, одговорности и индикатори за евалуација.


  • Зајакнување на капацитетите на информациските системи за цени и пазари и следење на политиките како одговор на кризата со COVID-19 и на други пазарни шокови (TCP/RER/3803)

Главната цел на проектот е подобрен пристап до пазарите, олеснет развој на синџирот на вредност и зајакната земјоделска конкурентност преку подобрување на системите за информации за цените и пазарот и политиките засновани на докази во регионот на Европа и Централна Азија. Во рамките на овој проект се изработи Македонска верзија на ФАО алатката за следење и анализа на цените на храната (https://fpma.review.fao.org/giews/fpmat4/mkd/#/dashboard/tool/domestic ). Во алатката се внесоа достапните историски податоци за цени на земјоделски производи од Земјоделскиот пазарен информативен систем при МЗШВ (ЗПИС), беа изготвени препораки за дигитално поврзување на националниот ЗПИС систем со FPMA алатката и беа  реализирани обуки за зајакнување на капацитетите на МЗШВ за следење на пазарни индикатори. 


  • Унапредување на консолидацијата на земјиште во Северна Македонија (GCP/MCD/008/EC)

Проектот претставува продолжување на поддршката за консолидација на земјоделско земјиште во рамки на проектот МАИНЛАНД финансиран од ЕУ и ко-финансиран од ФАО кој заврши на 14 ноември 2022.

Главна цел на овој проект е подобрување на националната политика, институционалната и регулаторната рамка за консолидација на земјиштето (вклучително подготовка на нова Национална стратегија за консолидација на земјиштето за периодот 2022-2030 година со Акционен план) и целосно спроведување на проекти за консолидација на земјиште во две консолидациони подрачја - Дабјани (Општина Долнени) и Чифлик (Општина Чешиново-Облешево), во комбинација со изградба на земјоделска инфраструктура 


  • Поддршка на развојот на пазарите на земјоделско земјиште со цел враќање на напуштеното земјиште во производство (TCP/MCD/3802)

Целта на проектот е да подготви анализа за причините за напуштеност на земјоделското земјиште со графички и алфа-нумерички прегледи на напуштените парцели по општина и регион за цела територија на РСМ.  Истовремено, проектот ќе овозможи, преку техничка и екпертска поддршка да се изготви подобрувања назаконската регулатива за продажба на земјоделско земјиште и организација на јавни дебати, изготвување на извештај со препораки и предлог инструменти за враќање на напуштеното земјоделско земјиште во производство, како и план за кодификација на законодавството поврзано со земјоделско земјиште.


  • Техничка помош за усогласување на Националниот систем за здравје на животните и безбедност на храна со стандардите на Европската Унија  (TCP/MCD/3902)

Целта на овој проект е Националниот информативен систем за добиток (National Animal Information System) при Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) да се да се надгради согласно изготвениот план и спецификација во рамки на претходниот ФАО проект TCP/MCD/3804/C3 (Техничка помош за надградба на Националниот информативен систем за добиток) кој успешно заврши на 31.12.2022. Системот треба да овозможи евидентирање на сите претпријатија; регистрирање на сите препознатливи животни и животински настани; да се обезбеди целосна следливост на животните и до одреден степен на производите од животинско потекло, а исто така да се обезбеди интегритет на податоците на системот, вклучително и пренос на постоечката база на податоци на АХВ во системот НАИТС.


  •  Поддршка за развој на прилагодливи капацитети во земјоделското производство  отпорни на климатските промени (TCP/MCD/3803/C2)

Преку овој проект ФАО дава техничка помош за подготовка на предлог-проект  за    финансирање преку глобалниот Фонд за адаптација (Adaptation Fund), чија цел е зголемување на климатска отпорност на земјоделството регионот на Радовиш, преку   подобрено управување со природните ресурси (води и земјиште) и адаптација на земјоделските стопанства кон климатските промени.

Во тесна соработка со МЗШВ и Министерството за животна средина и просторно планирање, изготвен е финален предлог проект во август 2022.


  • Создавање поволни средини за зголемена отпорност кон  климатските промени во земјоделството (отпорни системи за семиња) (TCP/RER/3802)

Проектот влегува во рамки на проектите за адаптација кон климатските промени конкретно преку подобрување на отпорноста на семенскиот материјал и промовирање на квалитетни семиња од сорти на земјоделски растенија толерантни на климатските промени преку:

  • Подобрување на капацитетите на истражувачки институти и други корисници за производство на локални сорти отпорни на климатски промени;
  • Промовирање на семиња отпорни/прилагодливи на климатските промени                                                                                                                        

Како дел од проектот, Министерството работеше на подобрување на производството и сертификацијата на квалитетен семенски материјал и ги оцени националните политики за семепроизводство, дистрибуција и сертификација во земјата. Заедно со Земјоделскиот институт при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ Скопје, беа формирани демонстративни експериментални полиња во Кочани, Скопје и Тетово за производство, тестирање и мултипликација на квалитетен семенски материјали од неколку стратешки култури. Со поддршка на ФАО, беше спроведена сеопфатна анализа за да се процени состојбата на домашниот систем за семе во Северна Македонија во однос на изборот, конзервацијата, производството, политиките и правната рамка. Анализата резултираше со збир на препораки насочени кон подобрување на ефикасноста, одржливоста и отпорноста на системот за семе кон климатските промени.


  • Поддршка на евалуацијата и намалувањето на ризиците од непогоди во земјоделскиот сектор во Западен Балкан (TCP/RER/3806/C1)

Преку овој проект се работи на ажурирањето на претходно спроведена регионална анализа  од ФАО на националните системи за намалување на ризикот од катастрофи во земјоделскиот сектор.

Во 2016/2017 година беше спроведена сеопфатна анализа на постојната институционална структура за намалување на ризикот од катастрофи (DRR) за земјоделскиот сектор во петте земји во рамките на TCP (TCP/RER/3504) со наслов „Зајакнување на капацитетите за     намалување и управување со ризици од катастрофи (DRRM) и вклучување на практиките за  адаптација на климатските промени (CCA) во земјоделскиот сектор во Западен Балкан“. Анализата ги идентификуваше силните страни и празнините во капацитетот и даде препораки за зајакнување на системот.



ФАО и СЗО (FAO/WHO Codex Trust Fund)

Зајакнување на националните структури на Кодекс во Република Северна Македонија    (GCP/GLO/893/MUL (Нов код PGM/MUL/2022-2027/CODEX) 

Целта на проектот е зајакнување на капацитетите за воспоставување на оперативна национална Кодекс структура и ефикасно вклучување на Република Северна Македонија во Кодекс алиментариус системот (важен глобален сет на стандарди, кодекси на практики и упатства насочени кон заштита на здравјето на потрошувачот и обезбедување фер практики во трговијата со храна) со активно учество во работата на Кодекс, како рамноправна членка.



ИПА

ИПА 2 2015 

Изградба, реконструкција и надградба на мали системи за наводнување

Целта на овој проект е да се воспостават мали системи за наводнување со ниски цени, еколошки за развој на земјоделството. Супервизија на изградба, рехабилитација и надградба на мали системи за наводнување за 2 избрани места Чаушица и Славишко поле. Градбата на системот за наводнување во Чаушица е завршена, додека системот во Славишко поле е во завршна фаза.


ИПА 2 2019 

Модернизација на советодавните услуги за операторите од областа на земјоделството

Цел на проектот: Поддршка за воспоставување функционален систем за советодавство во земјоделството, вклучувајќи процедури за давање услуги, регистрација и сертификација на давателите на услуги, опис на услугите кои треба да се обезбедат и развој на е-каталог.


Поддршка за модернизација и иновативно управување во земјоделскиот сектор (задруги)

Цел на проектот: Финансирање на иновативни инвестициски проекти и деловни активности на субјекти активни во земјоделската и земјоделско-прехранбената индустрија, вклучително и задруги. Активноста ќе се спроведува преку отворен повик за предлози. Најмалку еден од поддржаните проекти треба да се поврзе со засилено учество на жените во земјоделскиот развој.


Подобрување на консолидацијата на земјиштето

Цел на проектот: Развој и имплементација на четири планови за консолидација на земјиштето и поддршка на МЗШВ за подобрување на Националната програма за консолидација на земјиштето, процедури за спроведување, институционална поставеност, финансиска и правна рамка.


Изградба на три мали системи за наводнување

Цел на проектот: Изградба на капацитети за малите и нискобуџетни еколошки капацитети за наводнување, од поголемите мрежи за наводнување и рехабилитација и реконструкција на постоечката инфраструктура за наводнување. Три од нив ќе бидат финансирани од ЕУ во областа Пишица, Теарце и Конопница и, со вкупна површина од околу 500 хектари (околу 200 фарми).


Поддршка на реформите во шумарството во Северна Македонија

Цел на проектот: Да обезбеди техничка помош за МЗШВ, особено на секторот за шумарство со цел да се олесни имплементацијата на стратегиите, политиките и acquis поврзани со ЕУ со цел да се поттикне одржливиот развој на шумарскиот сектор во Северна Македонија.


Подобрување на стандардите за безбедност на храна, законодавство и системите за контрола

Цел на проектот: Да обезбеди безбедност на храната и да го подобри здравјето на животните преку активности кои што ќе придонесат во обезбедување на истребување на болестите и официјална декларација за слободен статус на одредени болести во земјата, како и намалување на загадувачите и штетните материи во храната.


Подобрување на физичките капацитети за заштита на растенијата

Цел на проектот: Набавка на лабораториска опрема за Ген банка.


Подобрување на административните и оперативните капацитети на органите за заштита на растенијата

Цел на проектот: Заштита на здравјето на луѓето, животните и растенијата, како и животната средина и зголемување на конкурентноста и одржливоста на домашното производство на растенија и растителни производи. Подобрување на ефикасноста на Националниот систем за заштита на растенијата, обезбедување правилно спроведување на националната политика и законодавство во согласност со aquis.



ИПА/Светска Банка

Изградба на фабрика за преработка на остатоци од животинско потекло

Цел на проектот: Со цел да се обезбеди отстранување на животински нуспроизводи во согласност со ЕУ и националното законодавство. Фабриката за рендерирање ќе овозможи да се соберат и преработат сите категории на материјали од животинско потекло кои се предмет на располагање. Капацитетот предвидува  обработка на 8000 тони животински нуспроизводи секоја година. Ова е класична инвестиција во кружна економија, дозволувајќи им на собраниот и преработен материјал да се претвори од загадувачки отпад во производи што можат да се користат во други циклуси на производство. 



ИПА/ФАО

Подобрување на консолидацијата на земјиштето

Цел на проектот: Развој и имплементација на четири планови за консолидација на земјиштето и поддршка на МЗШВ за подобрување на Националната програма за консолидација на земјиштето, процедури за спроведување, институционална поставеност, финансиска и правна рамка.



Светска Банка

ПРОЕКТ ЗА МОДЕРНИЗАЦИЈА НА ЗЕМЈОДЕЛСТВОТО

Проектот за модернизација на земјоделството (ПМЗ) e  финансиран од Светска банка со цел да ја подобри конкурентноста на земјоделскиот сектор во Северна Македонија и да ги зајакне јавните институции во рамките на процесот на пристапување на земјата кон ЕУ

Период за имплементација на проектот е пет години (2020 – 2025). Развојната цел на ПМЗ е да се подобри конкурентноста во таргетирани потсектори на земјоделството и да се зајакне подготвеноста на земјоделскиот јавен сектор за прием во ЕУ.

Компонента 1 Конкуретност на земјоделскиот сектор, да се подобри конкурентноста фармите и да се  поттикне агрегација на земјоделските производи и пазарна интеграција на земјоделците

Активностите на оваа компонента се фокусираат на техничка помош (преку обуки и советодавни услуги) и инвестиции во инфраструктура надвор од фармата за да се надополнат постојните ИПАРД мерки во инвестиции за зголемување на продуктивноста на фармите.

Поткомпонента 1.1 Пристап до обуки и советодавни услуги

Поткомпонента 1.2 Системи за дистрибуција на храна и земјоделство

Компонента 2 Институционален капацитет за пристапување во ЕУ, Институционален капацитет за пристапување во ЕУ (13,0 милиони евра), да се подобрат услугите за јавна поддршка, вклучително и капацитетот за дизајнирање и обезбедување ефективна поддршка за земјоделскиот сектор

Поткомпонента 2.1 (активност 1) Креирање на политики засновани на докази

Поткомпонента 2.1 (активност 2) Креирање на политики засновани на докази

Поткомпонента 2.2 Капацитет за имплементација на ИПАРД

Поткомпонента 2.3 Нештетно отстранување на нуспроизводи од животинско потекло

Kомпонента 3 Проектен менаџмент за поддршка на МЗШВ во ефикасно спроведување на проектот; обезбедување усогласеност со фуцидијалните (финансиско управување, набавки), еколошките и социјалните заштитни мерки и барањата за следење и оценување според договорените аранжмани за имплементација на проектот




Пон
Вто
Сре
Чет
Пет
Саб
Нед

Одберете датум

Јавни огласи и повици