БРАНА КОНСКО

Браната со акумулација Конско е дел од  Хидро системот „Конско” претставува најголем инфраструктурен проект во Гевгелиското Поле во изминативе 50 години. Изградбата на браната започна во 2018 година и истиот е во финална фаза, при што се очекува градежните зафати да завршат во средина на 2023 година. Капиталниот проект се состои од брана на реката Конска, зафат Горничет на околу 8,5 километри низводно, како и зафати на протечните води на реките Жабачка, Сермениска и Кованска. Со новото техничко решение, односно преку изградба на три подсистеми на оваа брана, ќе се наводнуваат околу 4.000 хектари плодно обработливо земјиште.

РАВЕН РЕЧИЦА

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство работи на изградба на системот за наводнување „Равен – Речица“, со кој се очекува да биде овозможено наводнување на над 3.300 хектари земјоделски површини во Полошкиот Регион, поточно за општините Гостивар, Врапчиште, Боговиње и Тетово. Изградбата започна во 2018 година, моментално работите се одвиваат непречено и се завршени околу 70% од градежните активности.

Со овој систем за наводнување ќе се наводнува земјоделската површина што се протега од десната горна страна на автопатот Тетово – Гостивар до подножјето на Шар Планина, односно до границите на градежните урбанизирани површини на населените места во општините Гостивар, Врапчиште, Боговиње и Тетово, почнувајќи од Здуње сè до Мала Речица. Системот ќе опшфати и дополнителна површина , која се наоѓа под автопатот Тетово – Гостивар, во атарот на населеното место Горно Седларце.

БРАНА РЕЧАНИ

Браната Речани е еден од најзначајните објекти што се гради во Кочанско Поле. Браната се гради на Оризарска Река и предвидува годишна акумулација од 22 милиони м3 вода што ќе задоволи повеќе од една третина од земјоделските површини, односно наводнување на нови 2.500 хектари земјоделско земјиште во Кочанско. Дополнително браната ќе се користи за водоснабдување на градовите Кочани, Виница, Зрновци и Чешиново-Облешево

Изградбата на браната Речани започна во 2019 година и претставува камено-насипна брана со височина од 80 м, широка 10 м и во основата долга близу 280 м.


Пон
Вто
Сре
Чет
Пет
Саб
Нед

Одберете датум

Јавни огласи и повици