Вториот столб е насочен кон поддршка на малите производители преку Програмата за малите производители на храна даваме поддршка на малите производители со грант до 600.000 денари за набавка на опрема за производство и за нагажирање на стручно лице технолог во приизводството. Сите нови мали производители треба само да бидат регистрирани како оператори со храна во АХВ, за на тој начин да можат да остваруваат продажба од праг или фарма.

Мали производители се и малите семејни винарии со кои постигнавме огромен успех. Само за една година имаме рекорден упис во регистарот на производители на вино, дури 100 нови, а 59 мали винарии минатата година добија грант до 10.000 евра. Денес бројката на регистрирани винарии е над 250 винарски визби, со двојно зголемен вкупен годишен капацитет за производство на вино.

Малите семејни винарии се винарии чииј капацитет на годишно производство изнесува до 50.000 литри, а своето производство на вино го реализираат најмногу од сопственото произведено грозје. Поддршката за малите семејни винарии е во форма на грант до 10.000 евра за набавка на опрема за производство и ангажирање на стручно лице технолог. Нивниот развој го бележиме низ целата држава, а нивните квалитетни вина бележат бројни награди на домашните и меѓународни натпревари.

Поркај малите винарии од оваа година за прв пат обезбедуваме и поддршка за малите производители на алкохолни пијалоци, односно малите дестилерии. Поддршка за набавка на опрема за производство и ангажирање на стручно лице технолог, во висина до 5.000 евра. Корисници на оваа поддршка се земјоделски стопанства регистрирани во ЕРЗС системот на министерството и во Електронскиот регистар во царинската управа како земјоделци–мали производители на жестоки алкохолни пијалаци, или регистрирани во Електронскиот регистар во царинската управа како мали независни производители на етил акохол и жестоки алкохолни пијалаци за комерцијални цели–мали дестилерии, согласно Правилникот за начинот на оданочување со акциза на алкохол и алкохолни пијалаци и тутунски производи.

Преку поддршката за малите производители очекуваме над 2000 нови регистрирани мали производители, создавање на нови мали бизниси кои ќе развијат нови убави домашни и традиционални производи. Минатата година имавме можност да го видиме тоа богатство на над 200 македонски брендови од мали производители, кои беа промовирани на нашиот прв Национален саем за храна и пијалоци „Вкуси ја традицијата“. Оваа бројка е потврда за успешноста на досегашните мерки за поддршка на младите земјоделци и рурална жена.


Пон
Вто
Сре
Чет
Пет
Саб
Нед

Одберете датум

Јавни огласи и повици