Петтиот столб на кој се заснова буџетот на земјоделскиот сектор е модернизацијата во земјоделството која ја реализираме преку ИПАРД 3  програмата, Светска Банка и нашите мерки од Програмата за рурален развој мерка 121 Модернизација во земјоделското стопнаство.

Бележиме 95% реализација на средствата предвидени во ИПАРД 2 програмата, со склучени и веќе реализирани над 2.000 договори, што не позиционираше како земја лидер. Европската Комисија ги зголеми средствата во новата ИПАРД 3 програма за 62% со што, на располагање ќе имаме 97 милиони евра наменети за инвестиции во следните 7 години. Предвидуваме авансна исплата до 50% и го зголемуваме прагот на минимум прифатливите трошоци по проект. Успешната приказна на ИПАРД ја продолжуваме и во 2023 година.

Преку поддршка од Светска Банка го реализираме проектот за модернизација. Во 2023 ќе започне изградбата на трите откупни центри, во Ресен, Струмица и Скопје. Ова се три најголеми капитални проекти со кои се модернизира домашното земјоделство. Оваа година веќе ја започнавме постапката за проектирање и подготовка на урбанистичката документација за сите три откупни центри, a беше потпишан грантот за системот за безбедно отстранување на нус производи од животинско потекло. За прв пат државата ќе изгради вакви современи објекти, како една од целите за модернизација, а системот за безбедно отстранување на нус производи од животинско потекло има и друга цел – ќе придонесе за намалување на стакленички гасови со што Северна Македонија  преку конкретна мерка ќе се приклучи кон агендата на климатски неутрална Европа.

Модернизацијата ќе ја спроведуваме и преку нашата мерка 121 од Програмата за рурален развој, преку набавка на силоси, комбајни и сушари за ориз, опрема за тутун кои ќе ги кофинансираме до 600.000 денари. Ќе го поддржиме и интензивирањето на смарт земјоделство на набавка на модерни технологии во примарното производство, сокофинансирање до 600.000 денари. Предвидени се и мерки за подобрување на пазарната конкурентност преку поддршка за маркетинг на земјоделските производи, наменета за набавка на специјални возила за директна продажба на земјоделски производи, со висина до 70% од прифатливите трошоци.

 


Пон
Вто
Сре
Чет
Пет
Саб
Нед

Одберете датум

Јавни огласи и повици