Третиот столб е силно е насочен кон капиталните водостопански инвестиции.
Во првиот квартал од годината предидуваме завршување со изградбата на браната Конско. Тоа е најголем капитален проект за водоснабдување во последните 50 години. Изградбата на оваа брана започна во јуни 2018 година Оваа вештачка акумулација е дел од хидросистемот „Гевгелиско поле“ и нејзиното пуштање во употреба ќе значи навремено обезбедување на вода за наводнување за нови 4.000 хектари земјоделски површини, во гевгелиско-валандовскиот регион.
Во 2023 година продолжува изградбата на Брана Речани со која што ќе се обезбеди снабдување со вода за пиење за 80.000 жители и наводнување на кочанското поле, а преку две мали хидроцентрали ќе се произведува и електрична енергија.
Изградбата на ХС Равен – Речица почна во 2018 година,опфаќа површина од 3920 хектар, ќе се наводнува земјоделската површина која се протега од десната - горната страна на автопатот Тетово - Гостивар до подножјето на Шар Планина и се очекува да заврши во 2023 година. Покрај оваа земјоделска површина, со овој систем за наводнување ќе се опфати и дополнителна нето површина која се наоѓа под автопатот Тетово – Гостивар, и ќе се наводнуваат 3300 хектари земјоделска површина во општините Гостивар, Врапчиште, Боговиње и Тетово. Со силно темпо тече и Програмата за наводнување на Северна Македонија, која вклучува изградба на четири системи за наводнување во рамки на речниот слив на Река Вардар (ХС Лисиче, Конско, Пепелиште и Јужен Вардар – трета фаза), финансиран со заем од KFW и буџетско учество. Исто така во 2023 година по комплетирање на документацијата и непходните дозволи ќе почне големиот капитален проект а тоа е изградба на браната на река Слупчанска.
Како најава за градба на следен огромен капитален проект е и брана Вакуф, близу Кратово за која во 2023 година ќе се направи и физибилити студија а потоа и проектна документација за распишување на овој капитален проект.
Значаен удел во капиталните инвестиции во водостопанската инфраструктура имаат и малите нискотрошковни системи за наводнување кои се градат со поддршка на ИПА програмата. Веќе се завршени Чаушица, Славишко поле, Пишица, и Зајас, а во 2023 продолжува изградбата на малите ХС Конопница и Теарце. Во јануари 2023 со градба започнуваат и системот за наводнување Колибари, како и пумпната станица во општина Дебар.
Сите овие капитални инвестиции значат навремена достапност на вода за наводнување на земјоделските посеви, што крајно ќе влијае врз зголемување на домашното производство на земјоделски производи и храна. Нема развој на земјоделството без современи брани и системи за наводнување.