Четвриот столб е зелената транзиција што е во согласност со Зелениот договор на Европската Унија. Почитувањето на зелените принципи, е клучно за постигнување на амбициозната цел за климатско неутрална Европа. Токму затоа, во 2023 ставаме фокус на зелената транзиција преку проектите во шумарството.

Во делот на шумарството за Програмата за проширена репродукција на шумите, планирани се средства, кои ќе се користат за пошумување на голини и ерозивни земјишта во државна и приватна сопственост, спроведување на одгледувачки мерки за подобрување на квалитетот и структурата на шумите, со акцент на пошумување на опожарените површини. На овој начин МЗШВ интегрално пристапува кон зачувување и обновување на шумскиот фонд. Есената 2022 година  имавме интензивни акции за пошумување поддржани од нашата програма, со што веќе се засадени над 150.000 садници на повеќе локации во Скопје, Велес и Ранковце. Со зголемените средствата за 2023 година, пошумувањето ќе биде една од нашите цели за успешно реализирање на зелените принципи. Да им оставиме на идните генерации чиста, зелена и европска држава.


Пон
Вто
Сре
Чет
Пет
Саб
Нед

Одберете датум

Јавни огласи и повици