НАЦИОНАЛЕН ПЛАН ЗА ПРОИЗВОДСТВО НА ХРАНА - Планот го подготвивме врз основа на детални анализи на министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и министерството за финансии, како резултат на повеќе средби со економските и социјалните партнери, земјоделците, научната фела и потсекторските групи.

 

 

ИНТЕРВЕНТЕН ФОНД

ИНТЕРВЕНТЕН ФОНД - ПОДДРШКА ЗА СЕКОЈ ЗЕМЈОДЕЛЕЦ, ОБЕЗБЕДУВАМЕ СИГУРНОСТ МЕЃУ ГРАЃАНИТЕ, ХРАНА ЌЕ ИМА

Во услови на светска криза обезбедивме 400 милиони денари за интервентни мерки како дополнителна поддршка на земјоделците, за да имаат помали трошоци, одржливо производство и стабилен пазар на храна на основните земјоделско - прехранбени производи. Покрај мерки за пролетната  сеидба дополнително веќе работиме за подготовка на нови мерки со кои предвидуваме поддршка на земјоделците за есенската сеидба. Со новите мерки Интервентниот фонд го зголемуваме до 900 милиони денари поддршка за земјоделците.

  • Навремено интервенираме да се пресретне глобалниот проблем со недостаток на ѓубриво
  1. НОВА мерка за поддршка при набавка на вештачки ѓубрива за површини засеани со пченица и пченка на 4.000 денари, ако минимум се употреби 200 килограми ѓубриво по хектар
  2. НОВА мерка од 2.500 денари по хектар за трошок за набавка на  вештачки ѓубрива добиваат производителите на јачмен, за минимум употребени 200 килограми ѓубриво по хектар
  3. НОВА интервентена субвенција од 2.500 денари за сончоглед по хектар за трошок за набавка на вештачки ѓубриња, за минимум употребени 100 килограми ѓубриво по хектар.
  4. НОВА интервентна субвенција од 400 денари по хектар за набавка на  течни фолијарни ѓубриња и тоа за мимимум употребени 6 литри течно ѓубриво  по хектар за пченица, јачмен, пченка и сончоглед
  • Услови за користење на мерката: Потенцијалните корисници на оваа поддршка ќе мора да ги запазат условите за употреба на ѓубриво по хектар на пример за да можат да добијат финансиски средства за ѓубриво со износ од 4.000 денари за пченица ќе треба да имаат употребено минимум 200 килограми ѓубриво по хектар. 

Услов за аплицирање за оваа интервентна мерка е земјоделците во производната 2021/2022 година да имаат засеани површини со пченица, јачмен, пченка и сончоглед и да имаат набавено вештачки ѓубрива за прихрана на посевите во периодот од 1 декември 2021 година до 31 мај 2022 година.

  • Документација потребна за реализација на мерката
  1. Ќе треба да достават фискална сметка со испратница или сметкопотврда
  2. Фактура доколку ја платат веднаш со извод од банка и фактира со одложено плажање – пропратено со договор за одложено плаќање.

 

Барањата за интервентната субвенција за набавка на вештачки ѓубрива треба да се поднесат со докази за набавено вештачко ѓубре, до 31 мај 2022. Подготвен е посебен модул за начинот на исплата, која ќе се одвива на неделно ниво, секоја недела по поднесување на барање предвидено е да се врши исплата.

 

  • НОВА интервентна субвенција од 400 денари по грло за предадено јагне во регистриран кланичен капацитет. Услов за аплицирање за оваа интервентна субвенција е одглдувачите на јагниња да го имаат  предадено јагнето во регистриран кланичен капацитет во периодот од 1 јануари 2022 до 31 мај 2022 година.

 

  • Нова интервентна субвенција од 1.500 денари по грло за гоеници со тежина над 90 килограми. Корисници на оваа подмерка се земјоделските стопанства кои одгледале и продале или заклале најмалку пет гоеници предадени во кланични капацитети запишани во Регистарот на одобрени објекти за производство на храна од животинско потекло, во периодот од 1 февруари 2022 година до 30 април 2022 година. Сточарите за оваа мерка нема да поднесуваат барање за исплата туку исплатата ќе се врши врз основа на списоците поднесени од кланиците доставени до Платежната Агенција, коишто кланиците треба да ги достават најдоцна до 15 мај 2022 година.

 

  • НОВА интервентна субвенција во висина од 60 денари по несилка која се наоѓа на одгледувалиштето и е на возраст за производство на конзумни јајца. Оваа интервентна мерка е предвидена за земјоделците производители на конзумни јајаца запишани во Регистарот на одгледувалишта на животни. За оваа мерка аплицираа 49 корисници, на кои се исплатени 68,5 милиони денари.

 

  • Мерка за финансиска поддршка за произведено и предадено млеко со која на производителите на млеко им се обезбедува поддршка од 5,5 денари по литар за произведено и предадено кравјо млеко на преработувачки капацитети запишани во Регистарот на откупувачи на земјоделски производи во период од јануари 2022 до април 2022 година.

 

  • Интервентна мерка за вино за поддршка на пласманот и извозот на вино.

 

  • Интервентна мерка за производство на саден материјал со оваа мерка се помагаат производителите на лозови и овошни садници наменети за извоз кој трпат штети од договорите за извоз наменети кон Русија. Преку мерката ќе се изврши финансиска исплата по основ на нереализирани договори за извоз на лозови и овошни садници во странство.

 

  • Интервентни мерки за поддршка на есенската сеидба – преку кои даваме поддршка за земјоделските стопанства да користат сертифициран семенски материјал и ѓубрење со цел да добиеме поголемо домашно производство на пченица.

 



ПРОГРАМАТА ЗА ФИНАНСИСКА ПОДДРШКА ВО ЗЕМЈОДЕЛСТВОТО

ИЗМЕНИ ВО ПРОГРАМАТА ЗА ФИНАНСИСКА ПОДДРШКА ВО ЗЕМЈОДЕЛСТВОТО - Го штитиме домашното производство бидејќи поддршка за земјоделецот значи поддршка и храна за целата земја

 

  • Дополнителна субвенција од 5.760 денари по хектар за сите земјоделци кои имаат еден или повеќе хектари површина со пченица, јачмен, пченка, рж, овес и сончоглед.
  • Ја зголемивме подмерката 2.7 Директни плаќања за обележани грла овци од сите категории и тоа од 1.000 денари на 1.200 денари за грло овца.
  • Зголемување во подмерката 2.16. Директни плаќања за амортизирани несилки заклани во регистрирани кланични капацитети и тоа од 80 денари на 125 денари по заклана несилка.
  • Дополнителни 3 денари по килограм финансиска поддршка за оризова арпа од реколта 2021 продадена во регистрирани капацитети за откуп. Мерката ќе важи за предадена оризова арпа заклучно 30.06.2022 година.
  • Дополнителни 3 денари по килограм за јаболка од реколтата 2021 година предадени во преработувачки капацитети. Мерката ќе важи за предадена јаболка заклучно 30.06.2022 година.
  • Дополнителни 3000 денари директни плаќања за женски приплодни грла маторици кои се одгледуваат во одгледувалишта кои ги исполнуваат условите за биосигурност.

 



ПРОГРАМА ЗА РУРАЛЕН РАЗВОЈ

ПРОГРАМА ЗА РУРАЛЕН РАЗВОЈ - Поддршка за земјоделците кога им е најпотребна, и во криза поттикнуваме раст на земјоделското производство

  • Јавен повик за набавка на трактори

Поддршката е во форма на кофинансирање во висина до 75% од вкупната вредност на набавениот трактор. Максималниот износ на поддршката за набавка на трактори е до 3.500.000 денари по корисник. Предност имаат земјоделците производители на полјоделски култури.

  • Јавен повик за набавка и конструкција на силоси за зголемување на складишниот капацитет

Целосно нова интервентна мерка која се воведува за инвестиции во силоси до 25 тони со мал капацитет за сопствена употреба. Поддршката е во форма на кофинансирање до 75% од вкупната вредност на набавката. Максималниот износ на поддршката е до 1.000.000 денари по корисник.

 

  • Јавен повик за поддршка при изградба на мандри

Поддршка за одгледувачи на добиток за инвестиции во градба, реконструкција и адаптација на објекти за преработка на млеко во бачилата. Висината на поддршката е во форма на кофинансирање до 75% од вкупната вредност. Максималниот износ на поддршката е до 600.000 денари по корисник.

 

  • Јавен повик за набавка на опрема за производство на тутун

Преку оваа нова мерка се врши кофинансирање на инвестиции во машини за расадување на тутун, машини за нижење на тутун и метални конструкции за сушење на тутунот. Максималниот износ на поддршката од оваа нова мерка е 4.500.000 денари по корисник.

 

  • Грант за жени во рурални средини

Распишавме јавен повик за доделување на грантови за рурални жени од 6.000 евра, во услови на светска криза двојно го зголемивме износот на грантот од 3.000 евра на 6.000 евра.

 

Јавните повици за поддршка при набавка на трактори, изградба на мандри, набавка на силоси, набавка на опрема за проиводство на тутун и поддршката за рурална жена се веќе распишани рокот за аплицирање е до 20 мај 2022 година.

 

Дополнително објавени ќе бидат јавен повик за поддршка на инвестиции во системи за наводнување на поледелски култури, набавка на специјализирани комбајни за ориз вклучително и мобилни сушари за ориз и јавен повик за доделување на грантови за млад земјоделец до 20.000 евра со акцент на поледелското производство.



ЗЕМЈОДЕЛСКО ЗЕМЈИШТЕ

НЕ ОСТАВАМЕ НИ ПЕДА НЕОБРАБОТЕНО ЗЕМЈОДЕЛСКО ЗЕМЈИШТЕ –

Распишавме јавен оглас за доделување на 5.722 хектари слободно земјоделско земјиште над 3 хектари

Нашата цел е зголемување на обработливите површини со стратешки култури пченица, пченка, јачмен и сончоглед, преку обезбедување и доделување на дополнително земјоделско обработливо земјиште. На тој начин плански го зголемуваме вкупното годишно домашно производство на стратешки култури во земјата, а зависноста од увоз на овие култури е помала.

Општини каде се предвидени земјоделските површини:

  • Битола
  • Делчево
  • Кочани
  • Куманово
  • Кратово
  • Кавадарци
  • Неготино
  • Свети Николе
  • Струмица
  • Прилеп
  • Радовиш
  • Велес
  • Штип и
  • Кисела Вода

 

Рок за поднесување:

Рокот за аплицирање на јавниот оглас изнесува 20 дена, односно до 10 мај 2022 година.

 

  • Распишан јавен повик за доставување на понуди за давање во закуп на земјоделско земјиште во државна сопственост до 3 хектари – Повикот е во рамки на катастерските општини Кавадарци, Росоман, Неготино, Ресен, Струга, Струмица, Тетово, Вландово и Гевгелија. Намената на земјиштето е за одгледување на надолгогодишни насади (лозја, овоштарници, хмељ) за период до 30 години, одгледување на долгогодишни насади со лешник за период од 70 години и одгледување на маслинарници за период од 50 години. 

 

 



ПОСВЕТЕНО РАБОТИМЕ ЗА СЕКОЈ ЗЕМЈОДЕЛЕЦ
  • Потпишавме 103 договори за поддршка при набавка на педигриран добиток

Мерка вредна 253 милиони денари, преку која обезбедуваме нови 3.842 грла педигриран добиток. Со измените кои по барање на сточарите ги направивме за оваа мерка, се зголеми и нивниот интерес за мерката. Наместо како претходно сточарите прво да набават добиток, па дури потоа да ги добијат парите, сега со измените прво ја добиваат финансиската поддршка, а потоа го набавуваат педигрираниот добиток. Сега просекот на договорите е околу 3 милиони денари по корисник, за разлика од претходно кога вкупниот износ за целата мерка бил 3 милиони денари. Преку оваа мерка даваме дополнителен поттик за развој на сточарството и млечната индустрија. 

 

  • Обезбедивме 10.000 евра финансиска поддршка за мали винарии

Од вкупно поднесени 63 барања, прифатени се 61 барање за доделување на грант од 10.000 евра по корисник за финансиска поддршка на мали семејни винарии. Ове е историски најголема поддршка наменета за малите семејни винарии вредна 34,5 милиони денари. Корисниците на оваа поддршка истата ќе можат да ја искористат за нови инвестиции во опрема за производство.

 

  • И покрај кризата навремено ги исплаќаме субвенциите

Во овој период исплатени се субвенциите за произведено и продадено млеко во износ од 111.581.789 денари за 5.664 корисници, субвенциите за полјоделците во вредност од 450.000.000 денари за 24.753 корисници, субвенците за лозарите во висна од 9.4 милиони евра за 13.854 лозари и субвенциите за овошни насади во вредност од 434.448.813 денари за 10.479 корисници.

 

 

 




Пон
Вто
Сре
Чет
Пет
Саб
Нед

Одберете датум

Јавни огласи и повици