Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер овозможува пристап до информации од јавен карактер што ги создало или со кои располага Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство. Барателот пристапот до информацијата може да го бара усно, писмено или во електронски запис, при што барањето поднесено во електронска форма се смета за писмено поднесено барање. Кога барателот бара пристап до информација со усно барање, службеното лице составува записник за тоа.

Барањето за пристап до информација од јавен карактер  се поднесува на утврдениот Образец на Барање, а барателот не е должен да го образложи барањето, но е потребно да наведе дека станува збор за Барање по основ на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер.

Писменото Барање може да се поднесе до Министерството непосредно во архивата; преку пошта на адреса на Министерството (ул.Аминта Трети, бр.2, Скопје), како и да се поднесе во електронска форма (преку е-маил:info@mzsv.gov.mk)

Барањето за пристап до информација од јавен карактер може да се поднесе на утврдениот Образец на Барање или на обичен лист хартија, но на истото барателот е должен да наведе дека станува збор за Барање по основ на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер. Барателот не е должен да го образложи барањето.

 Во случај кога барањето е поднесено од страна на овластен полномошник, кон барањето треба да биде приложено уредно полномошно.



Закон за слободен пристап до информации од јавен карактер („Службен весник на РСМ“ бр.101/19) 



Упатство за спроведување на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер

Правилник за формата и содржината на образецот на Барањето за пристап до информации од јавен карактер

Образец за барање за пристап до информации од јавен карактер

Образец за жалба 

Службени лица за посредување на информации од јавен карактер

Согласно обврските што произлегуваат од чл. 8 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (Сл. весник на Република Северна Македонија бр. 101/2019), кој почна да се применува на 29 ноември 2019  година, имателот на информации-МИНИСТЕРСТВО ЗЕМЈОДЕЛСТВО, ШУМАРСТВО И ВОДОСТОПАНСТВО, за службени лица кои посредуваат при остварувањето на правото на слободен пристап до информации од јавен карактер ги определи административните службеници:

1. Радица Головодовска

eмаил адреса:Radica.Golovodovska@mzsv.gov.mk 

телефонски контакт: 071/363-093

Сектор за финансиски прашања 

2. Зинете Јакупи

eмаил адреса:zinete.jakupi@mzsv.gov.mk

телефонски контакт:071/304-819

Сектор за меѓународна политика

3. Митко Николов 

eмаил адреса: mitko.nikolov@mzsv.gov.mk 

телефонски контакт: 071/275-145 

Сектор за шумарсво и ловство

4. Неда Груевска

eмаил адреса: neda.gjokovik@mzsv.gov.mk

телефонски контакт:070/403-937

Сектор за рурален развој

5. Кирил Георгиевски

eмаил адреса:kiril.georgievski@mzsv.gov.mk

телефонски контакт: 070/409-924

Сектор за консолидација на земјоделско земјиште, размена и идентификација на земјишни парцели

6. Јане Новачков 

eмаил адреса:jane.novackov@mzsv.gov.mk 

телефонски контакт: 070/403-822 

Сектор за маркетинг и квалитет на земјоделски производи

7. Александар Димитровски

eмаил адреса:aleksandar.dimitrovski@mzsv.gov.mk

телефонски контакт:070/403-805

Сектор за внатрешна ревизија

8. Марија Тодороска

eмаил адреса:marija.todoroska@mzsv.gov.mk

телефонски контакт: 070/403-864

Сектор за нормативно правни работи

9. Игор Аговски

eмаил адреса:Igor.agovski@mzsv.gov.mk

телефонски контакт:078/254-513

Сектор за земјоделство

10. Гоце Ангеловски

eмаил адреса:goce.angelovski@mzsv.gov.mk

телефонски контакт: 070/403-830

Сектор за регистрирање, управување, унапредување и продажба на земјоделско земјиште во државна сопственост

11. Сања Ивановска

eмаил адреса:sanja.pendaroska@mzsv.gov.mk

телефонски контакт: 070/511-888 

Сектор за човечки ресурси

12. Жаклина Павлоска 

eмаил адреса:zaklina.pavloska@mzsv.gov.mk 

телефонски контакт: 070/403-809 

Сектор за човечки ресурси

13. Александар Мусалевски 

eмаил адреса:a.musalevski@mzsv.gov.mk 

телефонски контакт: 070/403-911 

Сектор за анализа на земјоделска политика

14. Фетах Демири

eмаил адреса:fetah.demiri@mzsv.gov.mk 

телефонски контакт: 071/373-608

Сектор за прекршоци

15. Кирил Ристоски

eмаил адреса:kiril.ristoski@mzsv.gov.mk  

телефонски контакт: 078/844-927

Сектор за управување со претпристапни фондови на ЕУ за рурален развој (ИПАРД)

16.  Тони Стојчев

eмаил адреса:toni.stojcev@mzsv.gov.mk

телефонски контакт: 071/305-136

Управа за водостопанство

17. Лидија Велевска

eмаил адреса:lidija.miteva @mzsv.gov.mk

телефонски контакт:070/403-813

Одделение за стратешко планирање-независна единица

18. Билјана Костовска

eмаил адреса:biljana.kostovska@mzsv.gov.mk   

телефонски контакт: 070/313-704

Државна фитосанитарна лабораторија

19. Ивица Ангеловски

eмаил адреса:ivica.angelovski@mzsv.gov.mk  

телефонски контакт: 071/329-612

Фитосанитарна управа

20. Санибер Иванова

eмаил адреса: saniber.ivanova@mzsv.gov.mk

телефонски контакт: 070/409-954

Управа за семе и саден материјал

21. Абдилгафар Синани 

eмаил адреса: abdilgafar.sinani@mzsv.gov.mk 

телефонски контакт:070/409-843 

Сектор за координација и техничка помош на Кабинетот на министерот

22. Татјана Вета 

eмаил адреса: tatjana.veta@mzsv.gov.mk 

телефонски контакт: 070/409-912 

Сектор за Европска Унија

23. Александра Дика 

емаил адреса: aleksandra.dika@mzsv.gov.mk 

телефонски контакт: 070/403-908 

Сектор за лозарство, винарство и овоштарство

24. Аница Симонова 

емаил адреса: anica.simonova@mzsv.gov.mk 

телефонски контакт: 072/422-621

Сектор за шумска полиција



Годишен извештај за 2019 година

Годишен извештај за 2020 година

Годишен извештај за 2021 година

Годишен извештај за 2022 година 

Анонимизирани барања за пристап до информации од јавен карактер и одговори

Прашање: Кои национални политики (стратегии, закони, програми) беа усвоени во текот на 2021 година во секторот земјоделство и рурален развој?

Одговор: Во текот на 2021 година во секторот за земјоделство и рурален развој се донесоа следните програмски документи:

- Национална стратегија за земјоделството и руралниот развој за периодот 2021-2027 година („Службен весник на РС Македонија“ бр. 16/2021) од 20.01.2021;

- Програма за финансиска поддршка на руралниот развој за 2021 година („Службен весник на РС Македонија“ бр. 12/21) од 18.01.2021;

- Програма за финансиска поддршка во земјоделството за 2021 година („Службен весник на РС Македонија“ бр. 12/21) од 18.01.2021;

- Програма за капитални субвенции за развој на плански региони во областа на земјоделството и руралниот развој за 2021 година („Службен весник на РС Македонија“ бр. 90/21) од 23.04.2021;

- Закон за финансиска подршка за намалување на последиците предизвикани од корона вирусот COVID-19 врз производство и откуп на земјоделски производи („Службен весник на РС Македонија“ бр. 297/21).

Прашање: Кои национални политики (стратегии, закони, програми) беа изменети и дополнети во текот на 2021 година во секторот земјоделство и рурален развој?

Одговор: Во текот на 2021 година во секторот за земјоделство и рурален развој беа изменети и дополнети следните програмски документи:

- Закон за дополнување на законот за земјоделство и рурален развој (Службен весник на РС Македонија бр. 110/21);

- Програма за финансиска поддршка на руралниот развој за 2021 година („Службен весник на РС Македонија“ бр. 12/21, 31/21, 53/21, 79/21, 92/21, 121/21, 166/21, 175/21, 261/21, 277/21 и 292/21);

- Програма за финансиска поддршка во земјоделството за 2021 година („Службен весник на РС Македонија“ бр. 12/21, 31/21, 92/21, 175/21, 276/21 и 292/21) и

- Модификација на ИПАРД Програмата 2014-2020, која е од финансиска природа, а со цел намалување на можноста за губење на средства;

- Закон за дополнување на законот за финансиска поддршка за намалување на последиците предизвикани од КОВИД-19 врз производството, откупот на грозје и винската индустрија („Службен весник на РС Македонија“ бр. 103/21 и 293/21);

- Закон за дополнување на законот за земјоделското земјиште („Службен весник на РС Македонија“ бр. 178/21);

- Закон за изменување на законот за органско земјоделско производство („Службен весник на РС Македонија“ бр. 150/21);

- Закон за изменување на законот за сточарството („Службен весник на РС Македонија“ бр. 122/21);

- Закон за изменување и дополнување на законот за консолидација на земјоделско земјиште („Службен весник на РС Македонија“ бр. 122/21);

- Закон за изменување и дополнување на законот за тутун, производи од тутун и сродни производи („Службен весник на РС Македонија“ бр. 56/21);

- Закон за изменување на законот за квалитетот на земјоделските производи („Службен весник на РС Македонија“ бр. 150/21).

Прашање: Дали и на кој начин, во текот на 2021 година, во работата на Секторската работна група за земјоделство и рурален развој биле вклучени координатори/ки или заменик координаторките за еднакви можности и/или надворешни експерти кои работат на унапредување на родовата еднаквост?

Одговор: Координаторот за еднакви можности во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство е член и на Секторската работна група за земјоделство и рурален развој.

Прашање: Дали Секторската работна група за земјоделство и рурален развој во текот на 2021 година има изготвено акциски документ за некоја од акциските програми на ИПА III каде е вклучлена родовата перспектива? Дали при изготвувањето на акцискиот документ биле изработени или користени родови анализи? Доколку одговорот на овие прашања е потврден, доставете ни ги како одговор на ова барање.

Одговор: Во текот на 2021 година, Телото за управување со ИПАРД ја изготвуваше нацрт верзијата на ИПАРД Програмата 2021-2027. При програмирањето на одредени мерки од програмата, во процесот на селекција на проекти, дефинирани се приоритети за баратели жени со доделување на дополнителни бодови. 

Прашање: Како Зелената агенда влијае врз шумарскиот сектор во нашава држава, улогата на шумарството во руралниот развој вработувања (green jobs), борбата на шумарството со загадувањето (може некои климатски извештаи), биоекономијата и шумарството (биопроизводи), прераснувањето на шумарството од традиционален сектор (кој не бил многу иновативен) во преспективен сектор, колку видови шумски култури во глобала се идентификувани во Македонија, пошумувањето во Македонија т.е дали постои некој фонд или финансиски инструмент, од какво значење е паметната специјализација за шумарството и сл.

Одговор: Во тек е постапка за трансформација на шумарскиот сектор во Република Северна Македонија, со цел давање на преспективност на секторот. Шумските култури по 20 години преминуваат во шуми. Во државата се подигнати околу 20.000ха воглавно од бел бор, црн бор, чемпрес и багрем. Пошумувањето во нашата држава се изведува на два начина:

1. Преку Програмата за проширена репродукција која се изработува секоја година. Во програмата за проширена репродукција покрај други активности се поддржуваат и пошумувањата голини и

2. Врз основа на претходно одобрени Плански документи за стопанисување со шумите. Преку посебните планови секоја година субјектите кои стопанисуваат со шумите во државна сопственост имаат обврска да пошумат голини кои се предвидени по планот.

Програмата за проширена репродукција на шумите можете да ја најдете во бесплатните изданија од службен весник на следната веб страна www.slvesnik.com.mk.

 

 



Листа на информации од јавен карактер


Одлука за утврдување на висината на надоместокот за материјалните трошоци за дадената информација од имателите на информации


Пон
Вто
Сре
Чет
Пет
Саб
Нед

Одберете датум

Јавни огласи и повици